Skip links

Оглас за административен асистент

СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје објавува оглас за: Административен асистент.

СмартАп, Лабораторијата за социјални иновации Скопје, има потреба од нов член во тимот кој ќе се придружи на организацијата и ќе помогне во административните, финансиските и организациските задачи при работењето.

Цел и одговорност на работното место:

  • Пријава, одјава на вработените, подготовка на договори за вработување;
  • Фактурирање и водење на наплата, следење на исплати;
  • Одржување на извештаи за човечки ресурси и обезбедување на усогласеност со политиките, правилата и прописите на донаторите;
  • Администрирање на процес на набавка, вклучувајќи наплата и записи;
  • Одржување дневник на залихи;
  • Плаќањата во готовина и други трансакции преку готовина, и проверка на соодветна документација;
  • Следење на буџетски исплати и подготвување на финансиски извештаи според внатрешни политики и процедури; 
  • Подготовка на понуди и фактури за клиенти;
  • Комуникација со клиенти;
  • Прием и проследување на документи;
  • Водење на деловодна книга, архивирање на документи;
  • Набавка на канцелариски материјали;
  • Останата административна поддршка.

Потребни вештини и квалификации:

  • Минимум 1 година работно искуство на иста или слична работна позиција;
  • Одлично познавање на англиски јазик – говорен и пишан; 
  • Одлично познавање на работа со MS Office (Word, Excel, Power Point), интернет алатки Google Drive, Outlook и сл.;
  • Способност за планирање, организирање и извршување на задачи;
  • Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини;
  • Вештини со управување со бази на податоци и чување на документи;
  • Професионален и позитивен однос;
  • Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови;
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Диплома за завршено високо образование е предност.

Што нудиме:

  • Динамична средина каде инклузивноста, проактивноста и желбата за иновации е секојдневие,
  • Професионален развој, учество на обуки, семинари и конференции, 
  • Менторирање од страна на постоечкиот кадар на НВО СмартАп,
  • Убава и пријатна атмосфера во нашата канцеларија во старата скопска чаршија.

Логистички информации поврзани со работниот ангажман:

  • Лицето се очекува да почне со работа од Септември, 2020
  • Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со работно време од 08:30 до 16:30 часот или 09:00 до 17:00
  • Неделното работно време е од понеделник до петок, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи
  • Физичкото прусуство е задолжително поради природата на позицијата, но во канцелариите ги следиме сите прописи и препораки од здравствените институции.

Испратете го Вашето CV и мотивациско писмо (до 500 зборови) на [email protected] со наслов Апликација за административен асистент.

Краен рок за аплицирање: 09.08.2020, до 17:00 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју. 

Leave a comment