Skip links

Оглас за 1 (еден) лектор на македонски јазик и преведувач од македонски јазик на албански јазик

СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје објавува оглас за: 1 (еден) преведувач од македонски јазик на албански јазик и лектор на македонски јазик.

Во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“, со цел развој на базата на едукативна содржина на Едуино, националната веб-платформа за образование, СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје, распишува оглас со цел да ангажира 1 (еден) преведувач од македонски на албански јазик, вклучувајќи и лектура на македонски јазик во насока на развивање на образовни материјали и содржини наменети за активности со деца.

Материјалите коишто ќе се развиваат се:

  • шаблони (во формат спремен за печатење) за спроведување на активност;
  • образовен материјал за спроведување на игровна активност;
  • едукативни активности придружени со насоки за спроведување на учење базирано на игра или за поттикнување на социо-емоционалниот развој кај децата;
  • прашалници и други документи за потребите на платформата Едуино.

Развиените материјали и активности ќе бидат објавени и поставени на национална веб-платформа за образование ЕДУИНО, достапна на www.eduino.gov.mk

Повеќе информации за ЕДУИНО платформата 

Платформата Едуино содржи видеолекции, ресурси, игри и едукативни активности за поддршка на воспитно-образовниот процес. Едуино има за цел да прерасне во колективна платформа на којашто, заедно со децата, едукаторите и родителите, ќе се креираат, проверуваат и објавуваат нови ресурси и материјали, градејќи ја првата национална библиотека на дигитални едукативни материјали во нашата држава. Библиотеката на едукативни активности на платформата Едуино вклучува едукативни активности, како и неколку подготвени дигитални игри и упатства за нивна инсталација и играње.

Намена: Овие активности и материјали имаат цел да помогнат да се поттикне  учење преку игра и  развој на социо-емоционални вештини кај учениците во и надвор од формалното образование, а моментално работиме на активности кои се за домашна употреба.

Доколку се пронаоѓате во оваа наша голема визија за правилен раст и развој на децата и би сакале да бидете дел од развојот на содржината за веб-платформата за образование Едуино, за да се придонесе кон подобрување на образованието, тогаш чест ни е да Ве поканиме да ни се придружите и да биде дел од тимот кој носи промени!

Потребни вештини и квалификации:

  • овластен лектор по македонски јазик, врши лекторирање и јазично уредување на различен вид текстови и документи каде што се бара употреба на македонскиот стандарден јазик;
  • овластен преведувач од македонски на албански јазик, со превод на документи на албански стандарден јазик;
  • одлично познавање и работа со пакетот Microsoft Office (Excel, Word, Power Point) и сродни алатки за ефективно работење како: Google Drive, Outlook и сл.;
  • искуство и работење во мултидисциплинарен тим (минато искуство и соработување со графички дизајнери, илустратори) ќе се смета за плус;
  • способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови;
  • желба за креирање на едукативни и игровни активности за деца.

Предност ќе имаат кандидатите со портфолио и учество во лекторирање и/или превод на објавени книги, материјали и/или прирачници за деца, како и оние со искуство во развивање на образовни материјали, текстови и/или содржини за деца.

Логистички информации поврзани со работниот ангажман:

  • Лицето се очекува да почне со работа од Август, 2020
  • Ангажманот е предвиден да трае 3 месеци, со можност за продолжување
  • Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со работно време од 09:00 до 17:00 часот
  • Неделното работно време е од понеделник до петок, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи
  • Канцелариите се наоѓаат во Стара Чаршија, Скопје, но поради ситуацијата со COVID-19 моментално работиме remote, со можност и за доаѓање во канцелариите.

Испратете го Вашето CV и мотивациско писмо (до 500 зборови) на [email protected] со наслов Апликација за лектор и преведувач.

Краен рок за аплицирање: 26.07.2020, до 17:00 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју. 

Овoј оглас е во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Амбасадата на Велика Британија во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политикаМинистерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ. Овој проект го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.

Leave a comment