Skip links

Оглас за ангажирање на Менаџер за развој – Координатор за развој на модули

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање на поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.

Согласно потребите на проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации”, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на:

Менаџер за развој – Координатор за развој на модули

Кои ќе бидат задачите и одговорностите?
  • Запознавање со организацијата СмартАп – Лабораторија за социјални иновации, со особен осврт на проектот и платформата ЕДУИНО и нејзините функционалости
  • Подготовка на листа со предлози со модули, концепти, идеи за проекти и проектни активности за развој на ЕДУИНО
  • Истражување на интернационални добри практики и примери за иновативни и одржливи проекти за образование
  • Координирање на процесот за развој на нови проектни модули и активности за ЕДУИНО  
  • Активно вклучување во процесот на регрутација на консултанти и нивно координирање при подготовка на видео обуки, материјали и прирачници за ЕДУИНО процесите и активностите
  • Мапирање на отворени и/или редовни повици за развој на проекти од областа на образование
  • Подготовка на листа со предлози и идеи за проекти и проектни активности
  • Учество на редовни состаноци (физички и/или онлајн)
  • Водење на записник од завршени задачи (time-sheet) и подготовка на завршен, финален извештај за својата работа
  • Од кандидатот се очекува активно да се вклучи во сите тренинзи наменети за вработените на БРО

Во рамки на своите задолженија, кандидатот се очекува да биде способен за проактивно преземање на лидерска улога во обезбедување на континуирана менторска поддршка на вработените на Бирото за развој на образование. Менторската поддршка е предвидена за централните начела, главните функционалноти и оперативната структура во рамки на проектот ЕДУИНО. Согласно горенаведениот обем, од лицето се очекува високо ниво на познавање на образовниот сектор како и на процесот на менторирање, подучување и организирање на процес на пренесување на организациско и/или проектно знаење врз основа на принципот на искуствено учење (hands-on learning).

Кои се потребните вештини и квалификации?
  • Најмалку три (3) години искуство во координирање на тимови; клучно координирање на тим одговорен за развој на внатрешни бази на знаење или алтернативно, ќе бидат разгледани кандидатите со исто (3 годишно) искуство во образовниот или невладиниот сектор
  • Искуство во работа со институции или работа на сродни тематики поврзани со базата на знаења
  • Искуство во подготовка на концепти, идеи за проекти и проектни активности
  • Одлични комуникациски вештини
  • Докажана способност за работа на кратки рокови и под притисок
  • Искуство и знаење во користење дигитални алатки како што се Microsoft Office, Google Drive, OBS, OneDrive и Microsoft Teams
  • Капацитет за мотивирање и поттик на тимот со цел завршување на задачите до зададените рокови
  • Способност за задавање вредни насоки и повратни информации за подобрување на развиените материјали
  • Познавањето на албански и / или англиски јазик ќе се смета за предност
  • Искуството во координање на консултантски тимови во онланј средина ќе се смета за предност
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • Лицето се очекува да почне со работа од 01.07.2022 во времетраење од 7 месеци со можност за продолжување на договорот.
  • Лицето е предвидено да биде ангажирано преку проектот ЕДУИНО, покривајќи ја позицијата 5.1.1 Learning modules coordinator. 
  • Лицето директно ќе соработува и ќе одговара за својата завршена работа со проектниот менаџер на ЕДУИНО и претседателот на СмартАп.
  • Ангажманот се склучува преку Договор за ангажман со СмартАп на определено време.
  • За позицијата е предвиден месечен надомест од 40 000 МКД нето денари (60372 бруто денари).
  • Неделното работно време е од понеделник до петок, со 8 дневни работни часа и со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи (time & task sheet).

За апликација испратете го Вашето CV, мотивационо писмо и две препораки на [email protected] со наслов Апликација за Менаџер за развој – Координатор за развој на модули. Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг за селекција. Краен рок за аплицирање е 29.05.2022 година.

Leave a comment