Skip links

Оглас за вработување: Менаџер за развој (област – образование)

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање на поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.

Согласно потребите на организацијата, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на:

Менаџер за развој (област – образование)

Општи информации за сите заинтересирани кандадати
Аплицирање

Вашето CV, мотивационо писмо (до 500 зборови) и придружна листа со проекти кои сте ги подготвиле (подготвени во ексел формат, со наведени насловот на проектот, краток опис, висината на буџетот на проектот во EUR, каде бил аплициран и дали бил одобрен) испратете ги на [email protected] со наслов „Апликација за Менаџер за развој (област – образование)“.

Рокот за поднесување на документацијата е 29.05.2022. По пат на е-мејл ќе бидат информирани за интервју само кандидатите кои ќе бидат селектирани на кратка листа од страна на комисијата за селекција.

Прашања и одговори

Вашите прашања за отворените позиции може да ги поставите по пат на е-мејл до [email protected] & [email protected] најдоцна 5 работни дена пред истекот на огласот.

Подетални информации за позицијата

Менаџер за развој (област – образование)

Кои ќе бидат одговорностите на менаџерот за развој?
  • Запознавање со организацијата СмартАп – Лабораторија за социјални иновации, портфолиото на проекти и воспоставените партнерски односи
  • Мапирање на отворени и/или редовни повици за финансирање на проекти од општи области и/или од областа на образование
    • Подготовка на кратка листа со најповолни повици за аплицирањe
  • Истражување на интернационални добри практики и примери за иновативни и одржливи проекти за образование
    • Особен фокус ќе биде поставен на областите иновации и дигитализација на образование, иновативни и нови технологии во образованието и добри практики и примери за заедничко создавање односно ко-креирање.
  • Подготовка на листа со предлози и идеи за проекти/проектни активности
  • Подготовка на почетни концепт документи (early concept drafts) за најмалку три (3) проекти
  • Истражување и вмрежување со потенцијални партнери
    • Подготовка на е-мејл кореспонденција
    • Спроведување на состаноци
    • Подготовка на меморандуми за соработка
    • Подготовка на обем и буџет за соработката/партнерството
    • Одржување на партнерскиот однос за време на подготовката и аплицирањето на проектот
  • Подготовка на три (3) предлог проекти (концепт ноти) согласно насоките на проектните повици
  • Подготовка на три (3) проекти, со целосна проектна документација и подготвен буџет
  • Учество на редовни состаноци (физички и/или онлајн); согласно утврдена динамика која одговара на двете страни (организацијата и менаџерот за развој)
  • Активно следење и учество во преписки и комуникации
  • Водење на записник од завршени задачи (time-sheet) и подготовка на завршен, финален извештај за својата работа
Кои се потребните вештини и квалификации?
  • Најмалку 5 години професионално/работно искуство во организација(и) кои работат во невладиниот сектор и/или кои работат во областа на подготовка на предлог проекти, имплементација, менаџмент, мониторинг и евалуација на проекти на интернационални и/или национално ниво
  • Препорачливо но не е задоложително кандидатите да се имаат стекнато со универзитетска диплома – М-р. во релевантните области (пр. Економија, Бизнис, Проектен менаџмент, Право или Образование)
  • Докажано искуство во подготовка и поднесување на проектни апликации
  • Докажано искуство во подготовка на минимум 5 релевантни проекти од областа на формално и/или неформално образование
    • Предност ќе имаат кандидати со искуство во подготовка на проекти за ИПА, Еразмус+ и/или ЕУ структурирани фондови)
  • Докажано релевантно искуство во самостојна подготовка на проектни концепти, проекти и буџети
    • Предност ќе имаат кандидати со искуство во подготовка на проекти во областа на образование.
  • Дополнително, предност ќе имаат кандидати кои може да демонстрираат минато искуство во обезбедување на 2-4 годишни проекти, во вредност од над 100000 евра (вкупен проектен буџет).
  • Умешност за дивергентно и инвентивно размислување и умешност за согледување на можности и обмислување на идеи и концепти
  • Одлични вештини за пишување и изразување на формален англиски јазик
  • Работење со кратки рокови и умешност за самостојно работење (организирање на сопственото време, приоритети и задачи со минимален инпут и менаџмент)
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини и искуство во идентификување, иницирање, воспоставување и одржување на партнерства со други организации/ентитети за потребите на заедничко аплицирање на проекти
    • Предност ќе имаат кандидати кои може да презентираат членство во професионални мрежи и/или веќе изградени лични мрежи (национална и/или интернационална) со организации од невладиниот сектор, образовните институции и/или организации кои работат во областа на образование и иновации
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • Лицето се очекува да почне со работа од 01.07.2022 во времетраење од 7 месеци со можност за продолжување на договорот.
  • Лицето директно ќе соработува и ќе одговара за својата завршена работа со проектниот менаџер на ЕДУИНО и претседателот на СмартАп.
  • Ангажманот се склучува преку Договор за ангажман или вработување во договор со личноста на определено време.
  • За позицијата е предвиден месечен надомест од 40 000 МКД нето денари (60372 бруто денари).
    • Неделното работно време е од понеделник до петок, со 8 дневни работни часа и со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи (time & task sheet).
  • Напомена: Како мотив за успешно спроведување на своите задачи, доколку проектот се обезбеди, на ангажираното лице (менаџер за развој) ќе му биде понудена дополнителна можност за ангажман.
Повеќе информации за програмата за образование на СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации

Програмата за образование на СмартАп е фокусирана кон подобрување на квалитетот на образованието преку користење на нови иновативни методи и практики како design thinking (дизајнерско размислување), ко-креирање и crowdsourcing и преку користење на новите иновативни технологи.

Клучен проект во областа на образование:

ЕДУИНО е колективен портал за дигитални образовни содржини, соработка и професионален развој кој содржи платформи за настава и за ран детски развој. Целта на овие платформи е создавање на средина каде се споделуваат квалитетни образовни материјали и алатки за подобрување на целокупниот образовен процес.

Колективниот портал ЕДУИНО има за цел да прерасне во заеднички дигитален простор каде заедно со децата, едукаторите и родителите ќе се креираат, проверуваат и објавуваат ресурси и материјали, градејќи различни библиотеки на дигитални едукативни материјали во нашата држава.

Дел од овој портал е веќе познатата платформа ЕДУИНО Настава која содржи над 4000 видеолекции кои се погледнати повеќе од 4 милиони пати. Платформата нуди и ресурси за професионален развој како и игри и едукативни активности за поддршка на воспитно-образовниот процес.

Иако креиран како итен одговор на кризата предизвикана од КОВИД-19, сепак ЕДУИНО колективниот портал со своите резултати ја покажа јасната потреба за поттикнување на ваквата форма на дигитални решенија. ЕДУИНО е создаден во склоп на проект кој го имплементира СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации со мноштво партнери и истиот е во формална сопственост на Бирото за развој на образование (БРО) кои се грижат за верификација на неговите содржини.

Доколку се пронаоѓате во нашата голема визија за правилен раст и развој на децата и поттикнување на колективно делување за подобрување на образованието, тогаш ве покануваме и би сакале да бидете дел од создавањето на нашиот заеднички проект – ЕДУИНО. Добредојдовте во тимот кој е посветен за креирање промени!

Дознајте повеќе на: https://hundred.org/en/innovations/eduino#fabb7d25

Leave a comment