Skip links

Оглас за ангажирање на Консултант за ко-фасилитација и Консултант за партнерства

Во рамките на проектот „Иновативен финансиски модел за поддршка при транзицијата кон обновливи извори на енeргија“, СмартАП има потреба за ангажирање на консулнтанти за следните позиции:

  1. Консултант за ко-фасилитација, партнерства и проектна поддршка

СмартАп Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи во областите на образование, климатски промени и иновации во јавниот сектор.

Нашата работа се одликува со интердисциплинарен пристап, со цел да создадеме средина каде различни актери од системот можат да се сретнат и, преку фасилитиран процес на ко-креирање, да адресираат постоечки општествени предизвици.

СмартАп делува на еко-системот преку поврзување на различни засегнати страни за промовирање и развивање на социјални иновации, градејќи општество кое е социјално, еколошки и економски одржливо. СмартАп е основан со мисија да ги катализира социјалните иновации во земјата и регионот.

Кои се целите на проектот? 

СмартАп Лабораторија за социјални иновации (СМАРТ АП) има за задача да заедно со своите партнерски организации изработи модел на финансирање согласно македонското важечко законодавство кој би овозможил со помош на еден или повеќе типа на инвестиции се создадат поволни услови за изведба на системи за добивање на енергија од обновливи извори. 

Целта на проектот е во време на енегетска криза да поттикне поактивна соработка меѓу локалната самоуправа и заедницата и на еден партиципативен пристап да овозможи идентификување и развој на финансиски модел спроведлив во рамките на македонското важечко законодавство кој ќе обезбеди активно вложување односно инвестирање во производство на енергија од обновливи извори за потребите на заедницата. 

  1. Дел 1: Ко-фасилитација и проектна поддршка

Делокругот на работа и очекувани резултати:

Вкупен број на предвидени експертски денови: 25 дена

Подготовка на Концепт за вебинар 

  • истражување на релевантни примери 
  • изработка на концепт за вебинарите/работилниците и сугестии за подобрување
  • идентификација на потенцијални говорници  
  • Покана на учесници и редовна комуникација со сите засегнати страни
  • Поддршка во тимот во мапирање на интересите на општините
  • Анализа на добиените резултати од општините
  • Подготовка на краток извештај од спроведениот вебинар

Ко-фасилитирање на работилници/вебинари (3 работилници) 

  • Поддршка во развој и ревизија на материјали за три работилниците, со фокус на правните и финансиски можности за развој на финансиски инструменти за локалната самоуправа во Македонија
  • Ко-фасилитирање, со акцент на учесниците од локалната самоуправа
  • Подготовка на извештај за сработена работа 

Сопственост

Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на СМАРТ АП. Експертот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од СМАРТ АП

Надомест

Надоместокот  за извршените услуги на експертот изнесува 150 евра бруто сума по консултантски ден. 

Потребни Документи:

CV (професионално резиме) со листа на претходни вакви активности 

  1. Дел 2: Партнерства

Делокругот на работа и очекувани резултати:

Вкупен број на предвидени експертски денови: 15 дена

  • Активна комуникација со потенцијални партнери од јавен сектор
  • Координација со потенцијалните партнерите од јавниот сектор со цел навремено извршување на предвидените активности 
  • Организирање средби со релевантни претставници и потенцијални корисници од јавниот сектор
  • Идентификување и вклучување на претставници од јавниот сектор во три работилници за кокреирање на финансиски модел
  • Поддршка во дисеминација на резултатите од проектот до релевантни претставници од јавен сектор
  • Унапредување на комуникацијата со потенцијалните партнери 
  • Мапирање на потребите на потенцијалните партнери
  • Подготовка на извештај за сработена работа

Сопственост

Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на СМАРТ АП. Експертот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од СМАРТ АП

Надомест

Надоместокот  за извршените услуги на експертот изнесува 150 евра бруто сума по консултантски ден. 

Потребни Документи:

CV (професионално резиме) со листа на претходни вакви активности 


До кога може да се достават апликациите?

Апликацијата (професионално резиме на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на [email protected] со наслов: Апликација за  Консултант за ко-фасилитација и проектна поддршка или Консултант за партнерства, не подоцна од 19ти Септември (понеделник) (23:59ч.) 2022г. СМАРТ АП ќе го извести избраните кандидати не подоцна од 25ти септември 2022г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани. 


Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Иновативен финансиски модел за поддршка при транзицијата кон обновливи извори на енергија“, имплементиран од СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, со финансиска поддршка од Европскиот институт за иновации и технологија (EIT Climate-KIC) и во партнерство со КЛИК (Лабораторија за иновации за клима Крижевци / Krizevacki Laboratorij za Inovacija za Klimu, Хрватска), Асоцијација Солар Македонија, Коримако (Словенија), Советот за енергетика на островот Гран Канарија (Consejo Insular De La Energía De Gran Canaria) и општина Илинден.

Leave a comment