Skip links

Повик за ментори на хакатонот „Innovate4Europe“ (EU Code Week)

Дали сакате вашите ученици да работат на реални предизвици и да создадат сопствени дигитални решенија?

Ве покануваме да бидете дел од Innovate4Europe – национален хакатон (интерактивен процес на креирање решенија) кој ги претвора училниците во лаборатории за иновации.

Хакатонот ги поврзува учениците со реални општествени предизвици и ги развива нивните вештини за 21 век – креативно размислување, тимска работа и користење на технологија за решавање проблеми.

Како наставник-ментор, ќе водите мал тим ученици низ процес на истражување, креирање идеја и развој на едноставно дигитално решение.


https://codeweek.innovationlab.mk


Зошто да се приклучите?

Ова не е само натпревар – ова е искуство за професионален развој и тимска работа. Како наставник-ментор, ќе добиете:

  • Практична обука: Конкретни методи и пристапи кои можете веднаш да ги примените во наставата (април 2026).
  • Готови ресурси: Пристап до водичи за менторство, дигитални алатки и шаблони за предизвици.
  • Мрежно поврзување: Станувате дел од регионалната заедница на наставници во рамките на Неделата на кодирање (Code Week).

Временска рамка на активностите:

  1. Април 2026: Еднодневна обука за наставници.
  2. Април – мај 2026: Формирање на ученички тимови и подготовка на мини-проекти со наша поддршка.
  3. Мај 2026: Главен настан – Innovate4Europe Хакатон, каде вашите тимови ќе ги презентираат своите решенија пред стручно жири.

Кој може да се пријави?

Повикот е отворен за сите наставници од основните и средните училишта кои сакаат да ги водат своите ученици низ процес на креативно решавање проблеми.

Не е потребно предзнаење од програмирање – активностите се дизајнирани да бидат достапни за сите наставници.

Дополнителни информации за учество:

  • Тимови од 3 – 5 ученици
  • Возраст на учениците: 10 – 16 години

Како да се пријавите?

Пријавете се со пополнување на електронската пријава на следниот линк: https://forms.gle/uzeASnN1aniNfVUk8

Краен рок за пријавување: 03.04.2026 година.

Оваа активност се имплементира од страна на СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот Innovate4Europe хакатон како дел од Code Week EU програмата, а финансирана од Junior Achievement of Albania.

Leave a comment