Skip links

Креативен Бизнис Куп Северна Македонија 2022!

Следејќи го развојот на креативните индустрии во Северна Македонија и потенцијалот кои го имаат како стартап компании, а воедно инспирирани и од нивниот интерес за минатогодишниот Креативен Бизнис Куп Северна Македонија 2021, СмартАп – Лабораторија за социјални иновации во соработка сo  Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ го организираат вториот по ред Креативен Бизнис Куп 2022!

Креативниот Бизнис Куп е единствен меѓународен натпревар за иновативни бизнис идеи, производи или услуги од креативните индустрии кои имаат потенцијал да растат на глобално ниво спроведуван во повеќе од 70 земји во светот.

Настанот ќе биде отворен за претприемачи кои работат во културата и креативните индустрии како архитектура, занаетчиство, дизајн, технологии на искуства, мода, филм, гастрономија, компјутерски игри, 3Д, играчки и игри и други (види повеќе во ЧПП).

Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија ќе се одржи на 27 мај каде 10 избрани финалисти од примените апликации ќе бидат поканети да го презентираат својот бизнис пред жири составено од домашни и странски експерти, инвеститори, претприемачи како и пред домашната публика.

Победникот на Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија 2022:
  • ќе добие учество на Академијата во склоп на Креативниот Бизнис Куп која ќе се одржи во јуни, каде ќе имаат единствена можност за интензивно надоградување на вештините заедно со стартапи од целиот свет.
  • ќе ја претставува Северна Македонија на Глобалното финале на Креативниот Бизнис Куп 2022 кое ќе се одржи на 27-28 јуни во Копенхаген, Данска.

 

Како национален претставник, победникот ќе има можност да:
  • се натпреварува за освојување на парична награда;
  • ја претстави својата бизнис идеја пред интернациналното жири, како и пред целиот свет;
  • привлече интернационални инвестиции и публика;
  • се вмрежи со претприемачи, инвеститори, експерти и ментори од повеќе од 80 земји;
  • се инспирира да размислува на различни начини;
  • ужива во прекрасниот Копенхаген.

Трите победнички тима (прво, второ и трето место) ќе имаат можност да ја претстават својата идеја на Септемврискиот саем за културни и креативни индустрии во Северна Македонија, организиран од Balkan Cinema Cities Regional Fund, една од членките на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ.

Доколку се обезбедат повеќе награди од спонзори и партнерите истите ќе бидат дополнително објавени.

Проверете ги сите детали за настанот и следете ги нашите профили на социјалните мрежи за да дознаете повеќе за натпреварот – жири, ментори, говорници, дополнителни награди итн.

За повеќе прашања, проверете во ЧПП на веб страната, испратете ни е-порака на [email protected] или побарајте не на: +389 70 450-771 (Гент Тоска).

Leave a comment