Skip links

Оглас за ангажирање на Економски експерт

Проект: Иновативен финансиски модел за проддршка при транзицијата кон обновливи извори на енергија 

СмартАп Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи во областите на образование, климатски промени и иновации во јавниот сектор.

Нашата работа се одликува со интердисциплинарен пристап, со цел да создадеме средина каде различни актери од системот можат да се сретнат и, преку фасилитиран процес на ко-креирање, да адресираат постоечки општествени предизвици.

СмартАп делува на еко-системот преку поврзување на различни засегнати страни за промовирање и развивање на општествени иновации, градејќи општество кое е социјално, еколошки и економски одржливо. СмартАп е основан со мисија да ги катализира социјалните иновации во земјата и регионот.

Кои се целите на проектот? 

СмартАп Лабораторија за социјални иновации (СМАРТ АП) има за задача да заедно со своите партнерски организации изработи модел на финансирање согласно македонското важечко законодавство кој би овозможил со помош на еден или повеќе типа на инвестиции се создадат поволни услови за изведба на системи за добивање на енергија од обновливи извори. 

Целта на проектот е во време на енегетска криза да поттикне поактивна соработка меѓу локалната самоуправа и заедницата и на еден партиципативен пристап да овозможи идентификување и развој на финансиски модел спроведлив во рамките на македонското важечко законодавство кој ќе обезбеди активно вложување односно инвестирање во производство на енергија од обновливи извори за потребите на заедницата. 

Делокругот на работа и очекувани резултати:

Вкупен број на предвидени експертски денови: 20 дена

  • Анализа на: законите и подзаконските акти, промените, правните недоречености и нерегулирани области, кои се однесуваат на финасирањето  на локалната самоуправа, финасирањето на објекти кои се под капата на локалната самоуправа како и останатите објекти со кои управува државата
  • Анализа на финансиските можности за финасирање на системи за производство на енергија од обновливи извори и согласно правата и можностите за поврат на средства кон инвеститорите (физички и правни лица), и дополнително можностите за истото кога станува збор за инвестирање во системи кои може да бидат поставени на постоечки/нови објекти со кои управува локална самоуправа и/или останатите јавни институции 
  • Анализа на можност за спроведување на crowdfunding  (колективно финансирање) 
  • Регионална компаративна анализа на веќе постоечки вакви модели (нивна исплатливост) и идентификување на можни финансиски модели кои би функционирале во Р.С. Македонија

Резултат 1: Достава на извештај кој ги содржи горе наведените точки заклучно со 4 Ноември 2022 (10-12 страни со техничка спецификација: фонт 12, големина А4, проред 1, маргини – Normal);

  • Изработка на рамка за развој на финансиски модел која ќе се користи на работилници за ко-креирање 

Резултат 2: Достава на предлог рамка заклучно со 10 Ноември 2022

  • Изработка на документ кој презентира неколку предлог финансиски модели согласно добиениот инпут од спроведените работилници.
  • Финализација на еден модел кој ќе биде тестиран во 2023 година 

Резултат 3: Достава на финален предлог финансиски модел закчучно со 10 Декември 2022

  • Достава на завршен извештај 

Резултат 4: Time-sheet во формат зададен од СМАРТ АП за периодот за кој е ангажиран експертот; Сите активности ќе бидат имплементирани во координација со проектниот тим на СМАРТ АП. Работни јазици на овој ангажман се македонски и англиски јазик заклучно 20 Декември

Сопственост

Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на СМАРТ АП. Експертот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од СМАРТ АП

Надомест

Надоместокот  за извршените услуги на експертот изнесува 7000 денари бруто сума по консултантски ден. 

Потребни документи:

 a. За правни лица  Тековна состојба од Централен регистар на Р. Македонија  Референтна листа на претходни слични ангажмани на предложениот експерт  CV (професионално резиме)

b. За физички лица • Референтна листа на претходни слични ангажмани • CV (професионално резиме) 

Процес на селекција и бодување 

СМАРТ АП ќе го избере експертот на отворен повик. Процесот на евалуација ќе биде спроведен врз основа на следните критериуми со следниот удел во вкупната оценка

Евалуација на професионално резиме (CV)-40%
Евалуација на референтна листа на претходни слични ангажмани- 60%

До кога може да се достави  апликацијата?

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на [email protected] со наслов: Апликација за економски експерт, не подоцна од 17ти октомври (понеделник) (23:59ч.) 2022г. СМАРТ АП ќе го извести избраниот кандидат не подоцна од 20ти октомври 2022г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани. 


Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Иновативен финансиски модел за поддршка при транзицијата кон обновливи извори на енергија“, имплементиран од СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, со финансиска поддршка од Европскиот институт за иновации и технологија (EIT Climate-KIC) и во партнерство со КЛИК (Лабораторија за иновации за клима Крижевци / Krizevacki Laboratorij za Inovacija za Klimu, Хрватска), Асоцијација Солар Македонија, Коримако (Словенија), Советот за енергетика на островот Гран Канарија (Consejo Insular De La Energía De Gran Canaria) и општина Илинден.

Leave a comment