СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации во соработка со УНИЦЕФ, Министерството за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука и Бирото за развој на образованието ги покануваат оддeленските наставници, воспитувачи и родители да дадат повратен одговор и мислење на неколку развиени прототип веб-решенија (веб сајтови), со цел тестирање на квалитетот, содржината и корисничкото искуство коишто ги обезбедуваат.
Преку учеството во тестирањето на веб-решенијата (веб сајтовите) корисниците ќе придонесат со информации кои ќе се искористат при креирањето на една севкупна национална веб платформа за образование. Идната национална веб-платформа ќе нуди материјали за воспитувачи, родители и наставници кои ќе се дизајнирани да се искористат во склоп на учењето, вежбите и предавањето.
Целта на овој процес на тестирање е самите крајни корисници – вие, воспитувачите, наставниците и родителите, да го дадете вашето мислење уште на самиот почеток од дизајнерскиот процес и со тоа да придонесете во креирање на алатка која ќе одговара на вашите желби и потреби.