Skip links

Координатор за пилот училишта

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање на поубав, поинаков и подобар свет. Составен од амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество. 

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации во партнерство со Детската Фондација Песталоци и соработка со Бирото за развој на образованието, го спроведува проектот „EmpowerED: Дигитално самооценување за наставници“, во периодот декември 2024 – декември 2025 година. 

Овој проект има за цел да го дигитализира, појасни и олесни процесот на изработка на личен план за професионален развој на наставниците, при што преку развој на дигитална пилот алатка, автоматски ќе генерира готови планови за наставниците, наставничките тимови како и извештај кој ќе ги рефелктира потребите на наставниците на национално ниво. 

Согласно потребите на проектот „EmpowerED: Дигитално самооценување за наставници“, СмартАП објавува оглас за ангажирање на 4 (четири) соработници на позицијата: 

Координатор за пилот училишта 


Процесот на пилотирање ќе опфати 20 основни училишта во различни региони на државата. На секој координатор ќе му биде доделен еден регион со одреден број училишта. Правото на одлука за тоа кој регион ќе му биде доделен на кој координатор е единствено право на СмартАП тимот. 

Координаторот е одговорен за управување со процесот на пилотирање на дигиталната алатка во доделениот регион, обезбедувајќи активно учество на училиштата, навремено спроведување на сите активности и ефективна комуникација помеѓу училиштата и проектниот тим на СмартАП. 

Задачи и одговорности на координаторот 

  1. Планирање и организација на пилотирањето 
  • Координација на процесот на пилотирање на дигиталната алатка во доделениот регион. 
  • Учествување во подготовка и подобрување на планот за пилотирање, во соработка со проектниот тим на СмартАП. 
  • Обезбедување дека активностите се спроведуваат во согласност со временската рамка и упатствата. 
  1. Обучување и пренос на знаење 
  • Активно учество на обука за спроведување на процесот, организирана од СмартАП тимот. 
  • Пренесување на стекнатите знаења и вештини на назначените лица во пилот-училиштата. 
  1. Координација со училиштата 
  • Комуникација и соработка со назначените лица во пилот-училиштата за организација на активностите. 
  • Обезбедување логистичка и организациска поддршка за наставниците при процесот на пилотирање.
  1. Техничка поддршка 
  • Обезбедување основни технички насоки (не-ИТ поддршка) и проследување на технички проблеми до тимот на СмартАП. 
  • Следење на напредокот и активното учество на секое пилот-училиште, обезбедувајќи ги сите потребни податоци. 
  1. Следење и известување 
  • Организирање и водење на сесии за повратни информации со наставници и училишта. 
  • Прибирање и систематизирање на забелешки, предлози и предизвици, и доставување на редовни извештаи до проектниот тим. 
  1. Комуникација 
  • Дејствување како примарна врска помеѓу училиштата и проектниот тим за распоредите, ажурирањата и потребните прилагодувања. 
  • Поттикнување на активна соработка и позитивен став кон користење на дигиталната алатка. 

Потребни вештини и квалификации 

  • Активен наставник со најмалку 3 години искуство. 
  • Искуство во менторирање и поддршка на наставници во процеси на професионален развој. 
  • Развиени дигитални вештини (користење на образовни платформи и алатки). 
  • Добри комуникациски и организациски способности. 
  • Предност имаат наставници со статус наставник ментор и/или училишен ЕСАРУ администратор. 
  • Подготвеност за флексибилна онлајн комуникација со училиштата и тимот на СмартАП според потребите на проектот. 

Логистички информации повразни со работниот ангажман 

  • За позицијата се склучува Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно ќе треба да ги спроведе работните задачи во периодот од 25 Август до 30 Ноември 2025 година.
  • Работното време се организира според доставениот план за работа и согласност од проектниот менаџер .
  • Предвиден е надоместок од 3,000.00 ден. во бруто износ за еден консултантски ден кои ќе бидат исплатени по комплетирање на задачите (по завршен и одобрен наративен и консултантски извештај за извршена работа).
  • Физичкото присуство не е задолжително поради природата на позицијата.

Процес на аплицирање 

Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи: 

  1. Професионална биографија (CV).
  1. Мотивациско писмо (не повеќе од 1800 карактери).

За да аплицирате на понудената позиција испратете ја потребната документација на [email protected] со наслов “Консултант за пилот училишта”.

Краен рок за доставување на апликациите е 20.08.2025 година.  

Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид. 

Апликантите ќе бидат информирани за исходот од постапката за регрутација. 

Leave a comment