СмартАП – Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.
СмартАП – Лабораторија за социјални иновации во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование и Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.
Целта на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Оваа цел ќе се постигне преку (1) подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, (2) зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство и (3) примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички.
Согласно потребите на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на 1 (еден) соработник:
Консултант за развој на ресурс за едукатори
Консултантот ќе работи на развој на ресурс за наставници на темите „Превенција на насилство“, „Еднакви можности за сите ученици и ученички“ и „Правата на децата“. Ресурсот ќе треба да се изработи врз основа на наодите од претходно спроведено истражување.
Кои ќе бидат задачите и одговорностите ?
- Изготвување на план за работа кој треба да биде одобрен од проектниот координатор и координаторот за активности
- Преглед и анализа на извештаи од претходно спроведеното истражување
- Изготвување на нацрт ресурс за наставници соодветно на наодите од истражувањето
- Изработка на финален ресурс, соодветно наодите од истражувањето и насоките добиени од проектниот тим
- Подготовка на месечни извештаи за завршената работа, вклучувајќи и завршен извештај од активноста
- Активно координирање и комуникација со проектниот координатор и координаторот за активности
- Водење на дневен/месечен извештај за сработена работа
- Овој консултант својот извештај го доставува до проектниот координатор
Кои се потребните вештини и квалификации?
- Минимум 7 години работно искуство како наставник или стручен соработник во основно или средно образование
- Користат современи пристапи во реализацијата на наставните активности
- Докажана способност да креира и развива креативни наставни образовните материјали
- Способност за усогласување на развиените материјали со реалните потреби во училницата и наставните програми
- Познавање на образовните регулативи во државата поврзани со превенција на насилство, промоција на еднакви можности за сите ученици и ученички и правата на децата
- Силни аналитички и комуникациски вештини
- Објавени трудови/наставни ресурси ќе се сметаат за предност
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
- За позицијата Консултант за развој на ресурс за едукатори се склучува преку Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно ќе треба да ги спроведе работните задачи во периодот од 5 Февруари до 15 Април 2024 година
- Работното време се организира според доставениот план за работа и согласност од проектниот менаџер
- Ангажманот предвидува вкупен надоместок од 80.000,00 МКД во бруто износ кој ќе биде исплатен по комплетирање на задачите (по комплетиран и одобрен продукт, и доставен консултантски извештај за извршена работа)
- Физичкото присуство не е задолжително поради природата на позицијата
Процес на аплицирање
Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи:
- Професионална биографија (CV)
- Професионално портфолио што демонстрира:
- користење на современи пристапи во реализацијата на наставните активности
- креирани и развиени креативни наставни образовни материјали
- уредување и стручна поддршка при креирање на наставни ресурси
- објавени трудови/наставни ресурси
За да аплицирате на понудената позиција испратете ја потребната документација на [email protected] со наслов Апликација за Консултант за развој на ресурс за едукатори.
Краен рок за доставување на апликациите е 29.01.2024 година.
Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.
Апликантите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување на кандидатите.