Skip links

Консултант за развој на професионален курс за ИКТ вештини

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование и Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.

Целта на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Оваа цел ќе се постигне преку (1) подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, (2) зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство и (3) примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички.

Согласно потребите на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на 1 (еден) соработник:

Консултант за развој на професионален курс за ИКТ вештини

Консултантот ќе работи на развој на два онлајн професионални курсеви наменети за едукатори со фокус на употреба на дигитални алатки во секојдневната настава; 1 воведен курс, наменет за едукатори без или со малку искуство во користење на дигитални алатки во наставата и 1 напреден курс, наменет за едукатори со повеќе искуство во користење на дигитални алатки во наставата и за едукатори кои го совладале првиот курс. Конкретните алатки што ќе бидат опфатени ќе бидат одредени од страна на консултантот, во соработка со проектниот тим.

Целта на курсевите е на едукаторите да им понуди ресурс преку кој ќе можат самостојно да развијат вештини за употреба на дигитални алатки во секојдневната настава, и кој ќе им служи како референтна точка во секојдневната работа.

Кои ќе бидат задачите и одговорностите ?
  • Преглед и анализа на извештаи од претходно спроведени и јавно достапни истражувања за потребите на едукаторите
  • Изготвување на предлог програма на курсевите
  • Изработка на материјали за курсевите организирани во повеќе модули, каде во рамки на еден модул се вклучени пишани материјали, презентации, видео и аудио записи, интерактивни вежби и квизови за оценување на стекнатот знаење, соодветно наодите од истражувањето и насоките добиени од проектниот тим
  • Давање предлози при изготвување графички решенија на изработените матријали
  • Активно координирање и комуникација со проектниот координатор и координаторот за активности 
  • Подготовка на завршен наративен извештај од активноста според претходно утврден примерок
  • Водење на дневен/месечен консултантски извештај за сработена работа
  • Овој консултант наративниот и консултантскиот извештај ги доставува до проектниот координатор на одобрување
Кои се потребните вештини и квалификации? 
  • Минимум 5 години работно искуство како едукатор/тренер со примена на ИКТ во наставата
  • Широко познавање и примена на различни ИКТ алатки, апликации и платформи во образовен контекст
  • Докажана способност да развива програми и дигитални образовни материјали наменети за едукатори
  • Способност за развивање содржини кои опфаќаат различни стилови на учење и нивоа на познавање на примената на ИКТ во наставата
  • Познавање на образовните регулативи во државата поврзани со ученичкото учество и заштита на приватноста на ученици
  • Силни аналитички и комуникациски вештини
  • Искуство во спроведување онлајн предавања/тренинзи за примена на ИКТ во наставата 
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • За позицијата се склучува Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно ќе треба да ги спроведе работните задачи во периодот од Февруари до Јуни 2024 година
  • Работното време се организира според доставениот план за работа и согласност од проектниот менаџер
  • Предвиден е надоместок од 20 000 ден. во бруто износ по модул (еден курс содржи повеќе модули) кои ќе бидат исплатени по комплетирање на задачите (по завршен и одобрен наративен и консултантски извештај за извршена работа) 
  • Физичкото присуство не е задолжително поради природата на позицијата
Процес на аплицирање

Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи:

  1. Професионална биографија (CV) 
  2. План за работа

За да аплицирате на понудената позиција испратете ја потребната документација на [email protected] со наслов “Консултант за развој на професионален курс за ИКТ вештини”

Краен рок за доставување на апликациите е 06.02.2024 година. (Рокот за аплицирање е продолжен заклучно со 06.02.2024 согласно одлуката на проектниот тим).

Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

Апликантите ќе бидат информирани за исходот од постапката за регрутација.

Leave a comment