Skip links

Медијатон

Цел

Креирање на медиумска содржина која се однесува на современите општествени предизвици како што се врсничкото насилство, социјалната инклузија и поттикнувањето на заедничко добро.

Период на реализација

Септември – Декември 2024

Рок за аплицирање: 23 септември 2024

Наменето за

Средношколци на возраст од 14-19 години од средните училишта на територијата на Град Скопје

Број на учесници

Ограничено на 30 учесници, 6 училишта по 5 учесници

Врсничко насилство

Меѓуврсничкото насилство е агресивно однесување што предизвикува физичка, емоционална или психолошка болка, често се изразува преку булинг и кибер-насилство.

Повеќе

Инклузија

Инклузијата се фокусира на создавање средина каде што сите индивидуи се прифатени и вреднувани, промовирајќи инклузивност и борба против дискриминацијата.

Повеќе

Заедничко добро

Акцентот е ставен на решавање на предизвици како еколошка свест, културни и спортски активности за млади, кои можат да ги обединат различните заедници во заедничка цел.

Повеќе

Процес

Кој е процесот низ кој што ќе поминеме?

Пред-работилница (онлајн)

Истражување околу предизвикот.

30 Септември 2024

Работилница 1 (физички)

Дефинирање на предизвик и развој на идеи.

10 Октомври 2024

Работилница 2 (физички)

Подготовка и споделување на медиумска содржина.

22 Октомври 2024

Индивидуална работа

Индивидуална работа на тимот и менторски сесии.

23 Октомври – 8 Ноември 2024

Предизвици

Кои се локалните предизвици што ги таргетираме?

Врсничкото насилство, познато и како булинг е намерно агресивно однесување кое предизвикува физичка, емоционална или психолошка болка на жртвата. Ова може да се манифестира преку тепање, вербални напади, закани и изолација. Во рамки на меѓуврсничкото насилство, се насочуваме на две теми:

1. Кибер-насилство

Кибер-насилството е форма на насилство што се одвива преку дигитални платформи како што се социјалните мрежи, форуми и текстуални пораки. Ова вклучува ширење на лажни информации, закани, навреди и содржини. Целта на овој предизвик е младите да создадат медиумски содржини што ќе помогнат во едукацијата за последиците од сајбер-насилството и начините на заштита и поддршка за жртвите.

2. Родово базирано насилство

Родово базираното насилство се однесува на насилство кое е насочено кон лица врз основа на нивниот пол или род. Ова може да вклучува физичко, емоционално или сексуално насилство, како и вербални напади и закани. Овој предизвик има за цел да ги поттикне младите да создадат медиумски продукти кои ќе промовираат родова еднаквост и ќе се залагаат за права на жртвите.

Инклузијата подразбира создавање на средина во која сите индивидуи, без оглед на нивните различности, се чувствуваат прифатени, почитувани и вреднувани. Овој предизвик има за цел да поттикне младите да развијат медиумски кампањи што ќе промовираат инклузивност, борба против дискриминацијата и создавање на заедници каде што секој може да се чувствува добредојден и поддржан.

3. Ментално здравје на младите и инклузија

Фокус на менталните здравствени предизвици со кои се соочуваат маргинализираните млади и презентирање на медиумски решенија за промоција на разбирање и поддршка.

Поттикнувањето на општествена хармонија подразбира создавање на средина во која различните групи живеат во мир и соработка, почитувајќи ги разликите и работејќи заедно за заедничко добро. Овој предизвик ги охрабрува младите да создадат медиумски кампањи кои ќе промовираат инклузивност, толеранција и активно учество во градење на општествена хармонија.

4. Ангажирање на заедницата

Развој на медиумски проекти кои ќе го поттикнат учеството на младите во заедницата со фокус на локални предизвици што ги обединуваат околу заеднички цели, како што се еколошката свесност, зачувување на културното наследство, спортски активности и младинска вклученост.

sijalicka

Апликација

Прегледај го апликацискиот формулар и аплицирај!

ЧПП

Прегледај ги сите логиситчки и често поставувани прашања.

Програма

Прегледај ги вежбите кои ќе бидат опфатени.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Развој на иницијативи водени од млади кои се насочени кон решавање на проблеми релевантни за млади“, имплементиран од СмартАП – Лабораторија за социјални иновации, со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.