СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на образование, иновации во јавен сектор и климатски промени. Преку својот иновативен пристап и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од амбициозни и мотивирани соработници, тимот е секогаш отворен за нови професионалци кои сакаат да работат во пријатна работна средина и кои целат преку своето работење да креираат позитивна промена за својата околина и општество.
Согласно потребите на организацијата, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за вработување на:
Координатор за заедници и комуникации
Вашите одговорности ќе вклучуваат:
- Водење на локални заедници
Овие заедници се составени од различни засегнати страни со заеднички интереси а со фокус на енергетска независност и овозможување на системи за електрична мобилност предводени од заедници. Вашите задачи би вклучувале:
- Воспоставување, развој и управување со комуникациски простори за заедницата (на пр. користење на Slack или други платформи).
- Подготовка на стратегии за управување и/или развој на заедниците
- Обезбедување континуирана активност на заедницата и информирање за релевантни активности
- Овозможување комуникација и активност меѓу членовите на заедницата.
- Планирање и реализација на настани
Планирање, ко-дизајнирање, организирање и спроведување на различни видови настани, вклучувајќи:
- Онлајн сесии за учење и размена на знаење.
- Студиски посети помеѓу градови и засегнати страни, главно во регионот на Југоисточна Европа.
- Програми за развој на капацитети.
- Дијалози со градоначалници и општински службеници од регионот (онлајн и во живо).
- Тим-билдинг настани на заедницата.
- Координација на логистиката и обезбедување висок квалитет на испорака на настаните.
- Поддршка на активности предводени од заедницата
- Поддршка на заедниците со цел нови соработки и активности
- Обезбедување обуки, совети и менторство на заедницата со цел поддршка во развој на нови иницијативи – на пр. поврзани со енергија, мобилност, просторни интервенции, итн.
- Споделување знаење и вмрежување
- Организирање вебинари за мобилност и енергетика, со цел поттикнување на регионална размена на знаење.
- Соработка со Маркетинг менаџерот за промовирање на активности и постигнувањата на заедницата.
- Поддршка на членовите на заедницата да се поврзат со пошироки меѓународни мрежи за соработка, вмрежување и споделување искуства и практики.
- Документирање активности
- Собирање на информации од настаните и вклученоста на заедницата за проценка на ефективноста на иницијативите и сесиите за колективното учење.
- Подготовка на извештаи за настаните и работата во заедницата, со цел информирање на донаторите и партнерите.
Потребни вештини и квалификации:
Вештини за лидерство во заедница
- Искуство во градење и управување со професионални мрежи или заедници.
- Фасилитаторски вештини за поттикнување на соработка, размена на знаење и активно учество.
- Докажано искуство во работа со различни засегнати страни, вклучувајќи граѓани, претставници на јавниот сектор, претставници на приватниот сектор, претставници на граѓанскиот сектор и регионални/меѓународни партнери.
- Докажана способност за вклучување и координирање на соработката со различни групи граѓани.
- Силни комуникациски и интерперсонални вештини за градење односи и доверба.
Експертиза во организација на настани
- Докажано искуство во планирање и организирање на онлајн и настани со физичко присуство, вклучувајќи конференции, вебинари и работилници.
- Силни организациски вештини и внимание на детали, со способност за ефикасно управување со буџети и логистика.
Поддршка на активности предводени од заедницата
- Разбирање на процес на имплементација на граѓански иницијативи
- Искуство во мобилизирање на нови интерсекторски иницијативи.
- Познавање на пристапи за организирање на заедници во областа на енергијата, мобилноста, интервенции во просторот или други области e предност.
Дигитална писменост
- Познавање на онлајн платформи за соработка (на пр. Slack, Hivebrite, Zoom, MS Teams) и алатки за управување со настани.
- Основно познавање на социјалните медиуми и комуникациските алатки за промовирање на настани и иницијативи.
Јазици
- Одлично владеење на англиски јазик (писмено и говорно) е задолжително.
- Познавање на јазици од регионот е предност.
Други барања
- Подготвеност за патувања во регионот и Европа за студиски посети, состаноци и настани.
- Познавање на теми од областа на енергетика, мобилност, одржливост и иновации во јавниот сектор е предност.
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
- Лицето се очекува да започне со работа од 01.05.2025 година, во период од 22 месеци со можност за продолжување
- Предвидениот месечен надомест е согласно изработените работни часови во месецот (во просек 50%) каде што како основа се зема бруто сума од 89.088,00 ден за полно работно време.
- Работата се извршува во канцеларија, во просториите на организацијата.
- Се очекува редовно водење на дневен записник за извршените задачи.
Краен рок за аплицирање е 21.03.2025 год. Ве молиме во апликациската форма поднесете Резиме (CV) на македонски и/ или англиски јазик.
Апликациите се поднесуваат електронски преку е-маил на [email protected] со наслов “Координатор за заедници и комуникации“
Процесот на интервју ќе се одвива во период од 01до 03 април 2025 година. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.



