Skip links

Оглас за вработување на Проектен Асистент

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на образование, иновации во јавен сектор и климатски промени. Преку својот иновативен пристап и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од креативни, амбициозни и мотивирани соработници, тимот е секогаш отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат позитивна промена за својата околина и општество. 

Согласно потребите на организацијата, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно вработување на:

Проектен Асистент  

Кои ќе бидат одговорностите на проектниот асистент? 

  • Директна соработка со проектниот тим и поддршка во реализација на проектните активности. 
  • Поддршка при организирање на настани. 
  • Организирање на работна средина. 
  • Логистичка поддршка на проектни активности. 
  • Менаџирање на процесот на набавка (собирање на понуди, достава, комуникација со засегнати страни). 
  • Подготовка и собирање на апликации, подготовка на договори за надворешни и внатрешни соработници и консултанти. 
  • Проверка, надгледување во делот на достава и собирање на месечни/дневни извештаи за сработена работа од страна на консултнатите. 
  • Административна проверка на документација за плаќања и нивна организација. 
  • Одговорно собирање на целокупната документација поврзана со проектите согласно потребите на проектните извештаи. 
  • Подготовка на целокупната административна документација за одредени проектни активности. 
  • Редовна комуникација со целиот тим, како и надворешните соработници и консултанти. 
  • Почитување на интерните правила и процедури на организацијата.  

Кои се потребните вештини и квалификации? 

  • Минимум две (2) години работно искуство на иста или слична позиција. 
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик. 
  • Одлично познавање на MS Office пакетот како и Google Drive, Outlook. 
  • Способност за планирање, организација и реализација на активности во кратки рокови. 
  • Одлични комуникациски и  организациски вештини. 
  • Професионален однос кон сите вклучени страни .
  • Поседување на диплома од високо образование ќе се смета за предност. 

Логистички информации поврзани со работниот ангажман: 

  • Лицето се очекува да почне со работа од 01.01.2025 во период од 12 месеци, со можност за продолжување. 
  • Првично се прави договор за вработување во времетраење од 3 месеци, кој се смета како пробен период 
  • Почетна плата од 40,000 денари нето сума (предвидено е градациско зголемување на платата, во зависност од интересот и ангажираноста). 
  • Ангажманот се склучува преку Договор за вработување.  
  • Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи. 

Краен рок за аплицирање е 24.11.2024. Ве молиме во апликациската форма поднесете Резиме (CV) и мотивациско писмо на македонски и/ или англиски јазик.

Апликациите се поднесуваат електронски преку е-маил на[email protected] со наслов “Апликација за проектен асистент“.

Процесот на интервју ќе се одвива во период од 27 ноември – 4 декември. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју. 

Leave a comment