Skip links

Оглас за вработување на Проектен Координатор

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на образование, иновации во јавен сектор и климатски промени. Преку својот иновативен пристап и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од креативни, амбициозни и мотивирани соработници, тимот е секогаш отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат позитивна промена за својата околина и општество. 

Согласно потребите на организацијата, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно вработување на:

Проектен Координатор 

Кои ќе бидат одговорностите на проектниот координатор? 

  1. Планирање и координација: Подготовка на проектни планови, организирање и имплементација на проектни активности, следење и управување со проектни активности. 
  1. Управување со ресурси: Организација на проектните ресурси (финансиски, технички, човечки), контрола на буџетот и следење на трошоците 
  1. Комуникација: Одржување на добра комуникација со вкучените страни, обезбедување редовна комуникација и пренос на информации, како и навремено информирање за напредокот на проектот. 
  1. Управување со ризици: Идентификација и намалување на ризици со превентивни мерки. 
  1. Контрола на квалитет: Следење на квалитетот на проектните активности и осигурување дека сите активности на проектот се во согласност со барањата за квалитет и стандарди. 
  1. Поддршка на тимот: Менаџирање на проектниот асистент, поттикнувајќи тимска работа и ефикасност. 
  1. Документација и извештаи: Подготовка и доставување на периодични извештаи до донаторите и менаџмент, согласно предвидените рокови. Подготовка на завршен извештај за проектот со препораки за идни проекти. 

Во рамки на своите задолженија, кандидатот се очекува проактивно да презема лидерска улога во обезбедување на континуирана менторска поддршка на проектните асистенти и организирање на процеси на пренесување на организациско и проектно знаење. 

Кои се потребните вештини и квалификации? 

  • Најмалку пет (5) години работно искуство работно искуство во управување со проекти, по можност во образование и/или невладини организации. 
  • Познавање на областа Образование, односно добро разбирање на образовните политики, прашања, и трендови, со посебен фокус на предизвици во образованието. 
  • Најмалку две (2) години искуство во координирање на тимови; 
  • Способност за планирање и координација на активности, следење рокови, и управување со ресурси. 
  • Искуство во работа со институции или работа на сродни тематики.  
  • Искуство во подготовка на концепти, идеи за проекти и проектни активности. 
  • Одлични вештини за комуникација и презентација на идеи, како во пишана така и во усна форма. 
  • Способност за анализа на податоци, проценка на влијанието и евалуација на активности. 
  • Искуство и знаење во користење дигитални алатки како што се Microsoft Office, Google Drive, Mentimetter и Microsoft Teams. 
  • Способност за работа во мултидисциплинарен тим и воспоставување позитивни релации со сите засегнати страни.. 
  • Одлично познавање на англискиот јазик.
  • Искуството во координирање на консултантски тимови во дигитална (онлајн) средина ќе се смета за предност. 

Логистички информации поврзани со работниот ангажман: 

  • Лицето се очекува да почне со работа од 01.01.2025 во период од 12 месеци, со можност за продолжување. 
  • Првично се прави договор за вработување во времетрење од 3 месеци, кој се смета како пробен период .
  • Почетна плата од 50,000 денари нето сума (предвидено е градациско зголемување на платата, во зависност од интересот и ангажираноста). 
  • Ангажманот се склучува преку Договор за вработување . 
  • Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи. 

Краен рок за аплицирање е 24.11.2024. Ве молиме во апликациската форма поднесете Резиме (CV) и мотивациско писмо на македонски и/ или англиски јазик.  

Апликациите се поднесуваат електронски преку е-маил на[email protected] со наслов “Апликација за проектен координатор“.

Процесот на интервју ќе се одвива во период од 27 ноември – 4 декември. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју. 

Leave a comment