СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје објавува оглас за Агент за техничка поддршка на е-услуги во склоп на проектот „Инклузивна и успешна дигитална трансформација за сите- ДИЏИТ АЛЛ“, со цел поддршка на граѓаните во поднесување на електронски апликации до Град Скопје.
Цел и одговорност на работното место:
- Поддршка на граѓаните во процесот на поднесување на електронски апликации до Град Скопје
- Одговарање на дојдовни повици и е-маил прашања/барања од граѓаните и обезбедување на потребни информации, поддршка и помош во решавање на барањата на граѓаните;
- Ефикасно прибирање на кориснички информации, задоволување на потребите на граѓаните и нивна едукација;
Подетални информации за опфатот на работа:
https://docs.google.com/document/d/1DxN2NQLcedz4WkuVjgrJ3Ft66aKnwH_gj-cua3kFxVg/edit?usp=sharing
Потребни вештини и квалификации:
- Познавање на алатки за креирање апликациски форми како Google Forms, Typeform, SurveyMonkey и сл,;
- Пожелно познавање на Microsoft Flow, Office365 пакетот, како и алатки за поддршка (ticketing system);
- Техничка снаодливост и креативно решавање на технички проблеми
- Познавање на работа со MS Office (Word, Excel), интернет алатки Google Drive, Google sheet, Outlook и сл.;
- Способност за планирање, организирање и извршување на задачи;
- Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини;
- Вештини со управување со бази на податоци и чување на документи;
- Професионален и позитивен однос;
- Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови;
- Основно познавање на англиски познавање;
- Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
- Диплома за завршено високо образование е предност.
Што нудиме:
- Динамична средина каде инклузивноста, проактивноста и желбата за иновации е секојдневие,
- Професионален развој, учество на обуки, семинари и конференции,
- Менторирање од страна на постоечкиот кадар на НВО СмартАп,
- Убава и пријатна атмосфера во нашата канцеларија во старата скопска чаршија.
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
- Лицето се очекува да почне со работа од Февруари 2021
- Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со работно време од 08:30 до 16:30 часот или 09:00 до 17:00
- Неделното работно време е од понеделник до петок, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи
- Физичкото прусуство е задолжително поради природата на позицијата, но во канцелариите ги следиме сите прописи и препораки од здравствените институции.
- Период на ангажман: 9 месеци, договор на дело/ангажман
- Предвиден надоместок: 25,000 денари нето.
Испратете го Вашето CV и мотивациско писмо (до 500 зборови) на [email protected] со наслов Апликација за агент за поддршка.
Краен рок за аплицирање: 15.01.2020, до 15:00 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Оваа активноста е организирана од Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје со кој што раководи СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје во рамки на проектот „Инклузивна и успешна дигитална трансформација за сите – ДИЏИТ АЛЛ“, финансиски поддржан од Фондација Метаморфозис како дел од иницијативата „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA”.
За СкопјеЛаб — Центар за иновации на Град Скопје
СкопјеЛаб е Центар за иновации на Град Скопје кој работи на изнаоѓање на иновативни начини за решавање на предизвиците и проблемите со кои се соочува Градот. Работи како посредник меѓу граѓаните, академските институции, компаниите, секторите и одделенијата на градот, општините и граѓанските организации со цел ко-креирање на заедничка вредност, брзо прототипирање и/или проверка и селекција на иновативни решенија. – https://www.skopjelab.mk/
