Skip links

Оглас за ангажирање на консултант за развој на научна активност – ЕДУИНО Лабораторија

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање на поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.
Согласно потребите на проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации”, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на:

Консултант за развој на научна активност – ЕДУИНО Лабораторија

ЕДУИНО – Лабараторијата е виртуелна лабораторија која симулира самостојно и безбедно учење преку игра и експерименти. Користејќи ја науката како алатка за откривање на природните процеси во нашиот свет, лабараторијата ќе дава можност децата да го развијат својот интерес за природните науки на инклузивен и лесно пристаплив начин. Предвидено е и ресурсите со кои ќе се располага, да бидат користени од едукатори со цел олеснување на формалниот едукативен процес.

Кои ќе бидат задачите и одговорностите?
  • Запознавање со концептот и предвидената програма на ЕДУИНО лабораторијата
  • Спроведување на секундарно прибирање на податоци (desk research) и други форми на истражување за да се идентификуваат светските трендови и скалабилни примери, како и да се идентификуваат најдобри практики за развој на научна активност
  • Директно подготвување на 15 виртуелни лабораториски експерименти што содржат цел на играта, правила на активноста, како да се игра и список на потребни материјали и препораки (слики за дизајн)
  • Обезбедување на јасни и концизни упатства за механика на игри што треба да се спроведе за активноста да може да се игра
  • Активна комуникација со тимот, како и со надворешни изведувачи
  • Подготвување на финален извештај и билбиотека за завршени виртуелни лабораториски експерименти
Кои се потребните вештини и квалификации?
  • Магистерски студии, во научна област или поврзана област на НТИМ образование
  • Најмалку 5 (пет) години консултантски услуги или директна стручна работа во врска со НТИМ образованието во С. Македонија
  • Докажана способност да ги идентификува и развива образовните материјали за креативната наука
  • Докажана способност за усогласување и одржување на квалитетот и конзистентноста на научните материјали и документација
  • Демонстрирано знаење и искуство со истражување на најдобрите меѓународни практики
  • Способност за обезбедување упатства за дизајн на игри како средство за преведување на научните активности во технички одржливи случувања
  • Способност за усогласување на активностите развиени со реалните потреби и програма во училницата
  • Одржување редовна професионална комуникација со сите засегнати страни
  • Искуството со македонскиот систем за високо образование и неговите научни аспекти е предност
  • Искуството со работа на слични програми на УНИЦЕФ или други програми финансирани од донатори ќе се смета за предност
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • Ангажманот се склучува преку Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно периодот Јуни-Септември 2022,
  • Ангажманот се базира на испорачани 15 виртуелни лабораториски експерименти
  • За позицијата е предвиден вкупен надомест од 80 000 МКД бруто.
  • Работното време се организира според планот за одржување на настаните и активностите
  • Физичкото присуство не е задолжително поради природата на позицијата

За апликација испратете го Вашето CV и предлог за симулација на еден виртуелен лабараториски експеримент на [email protected] со наслов Апликација за Консултант за развој на научна активност. Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг за селекција. Краен рок за аплицирање е 29.05.2022 година.

Leave a comment