Skip links

Оглас за ангажирање на консултант за развој на програма – ЕДУИНО Лабораторија

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање на поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.

Согласно потребите на проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации”, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на:

Консултант за развој на програма – Активност: ЕДУИНО Лабораторија

ЕДУИНО – Лабараторијата е виртуелна лабораторија која симулира самостојно и безбедно учење преку игра и експерименти. Користејќи ја науката како алатка за откривање на природните процеси во нашиот свет, лабараторијата ќе дава можност децата да го развијат својот интерес за природните науки на инклузивен и лесно пристаплив начин. Предвидено е и ресурсите со кои ќе се располага, да бидат користени од едукатори со цел олеснување на формалниот едукативен процес.

Кои ќе бидат задачите и одговорностите?
  • Идентификување на целната група за програмата и образовните недостатоци како основа за креирање на лабораториската програма ЕДУИНО
  • Поставување цели и индикатори на програмата
  • Развивање на лабораториска програма ЕДУИНО
  • Надзор на работата на консултантот за развој на научната дејност и обезбедување усогласување со образовните недостатоци и/или образовните програми
  • Гарантирање на квалитет и способност за имплементација на лабораториските експерименти
  • Креирање на упатства за активности и експерименти на ЕДУИНО (методологија)
  • Активна комуникација со надворешен соработник (развивач на ЕДУИНО Лабараторија) за да се осигура дека програмските аспекти се правилно дизајнирани
Кои се потребните вештини и квалификации?
  • Најмалку пет (5) години искуство во изработка на образовни програми; со фокус на НТИМ образование и климатски промени
  • Напредна диплома во образование / науки или поврзана област
  • Широко познавање на локалните образовни програми и предизвици
  • Одлични истражувачки и аналитички вештини
  • Способност за пишување на добро структуриран и аналитички начин
  • Докажано искуство во подготвување на образовни програми со научни цели и цели на учење
  • Докажана експертиза за производство на анализа и синтеза на документи релевантни за развој на програмата
  • Способност за самостојна работа, испорака на навремени производи под притисок и соработка со други експерти
  • Способност за развивање методологии, насоки и рамка на материјали што се користат во училниците; за наставници и ученици
  • Добри интерперсонални вештини
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, особено во пишување добро структурирани и аналитички документи
  • Одржување редовна професионална комуникација со сите засегнати страни
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • Ангажманот се склучува преку Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно периодот Мај-Август 2022,
  • Ангажманот се базира на испорачани активности согласно договор со проектниот тим пред почеток на ангажманот
  • За позицијата е предвиден вкупен надомест од 45 000 МКД бруто.
  • Работното време се организира според планот за одржување на настаните
  • Физичкото присуство не е задолжително поради природата на позицијата

За апликација испратете го Вашето CV и мотивационо писмо на [email protected] со наслов Апликација за Консултант за развој на програма. Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг за селекција. Краен рок за аплицирање е 29.05.2022 година.

Leave a comment