Skip links

Оглас за ангажирање на консултант за проценка на потреби – ЕДУИНО Лабораторија

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање на поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.

Согласно потребите на проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации”, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на:

Консултант за проценка на потреби – Активност: ЕДУИНО Лабораторија

ЕДУИНО – Лабараторијата е виртуелна лабораторија која симулира самостојно и безбедно учење преку игра и експерименти. Користејќи ја науката како алатка за откривање на природните процеси во нашиот свет, лабараторијата ќе дава можност децата да го развијат својот интерес за природните науки на инклузивен и лесно пристаплив начин. Предвидено е и ресурсите со кои ќе се располага, да бидат користени од едукатори со цел олеснување на формалниот едукативен процес.

Кои ќе бидат задачите и одговорностите ?
  • Спроведување на успешно истражување преку независен проактивен пристап
  • Спроведување на висококвалитетно истражување ориентирано кон акција кое вклучува повеќе засегнати страни од владата, бизнисот, граѓанското општество и грасрут здруженија
  • Активно и независно истражување за да се идентификуваат потребите на потенцијалните корисници (целни групи)
  • Спроведување интервјуа, онлајн сесии и анкети за ефективно да се соберат сознанија
  • Подготовка на материјали за комуникација за да се поттикне учеството во процесот на проценката на потреби
  • Консултирање со експерти и/или консултанти со цел да се соберат нивните сознанија за потребите
  • Активно соработување со консултантот за развој на концепти/програма со цел да се задржи временската стапка
  • Подготовка на документ за проценка на потребите
  • Подготовка на финален извештај
Кои се потребните вештини и квалификации?
  • Минимум магистерски студии по наука и/или теми поврзани со образованието
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на научно образование
  • Претходно докажано искуство во спроведување на истражувања за проценка на потреби поврзани со образованието, изготвување извештаи, студии итн.
  • Одлично познавање на писмен и говорен македонски и англиски јазик
  • Уредно пишување на документи и извештаи
  • Одржување редовна професионална комуникација со сите засегнати страни
  • Претходно докажано искуство во работа со агенции на ОН/донаторски агенции/меѓународни или национални организации ќе се смета за предност
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • Ангажманот се склучува преку Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно периодот Мај – Јули 2022,
  • Ангажманот се базира на испорачани активности согласно договор со проектниот тим пред почеток на ангажманот
  • За позицијата е предвиден вкупен надомест од 50 000 МКД бруто.
  • Работното време се организира според планот за одржување на настаните
  • Физичкото присуство не е задолжително поради природата на позицијата

За апликација испратете го Вашето CV, мотивационо писмо и две препораки на [email protected] со наслов Апликација за Консултант за проценка на потреби. Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг за селекција. Краен рок за аплицирање е 29.05.2022 година.

Leave a comment