СмартАП – Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет, Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.
ЕДУИНО вебинари се интерактивни семи-формални едночасовни настани кои се посветени на теми кои ќе придонесат кон полесно и подобро спроведување на наставата. Учесниците на овие настани имаат можност да следат предавања од реномирани експерти, но и да слушнат за добри практики и совети од истакнати практичари.
Преку следната плејлистата со ЕДУИНО Вебинари може да дознаете повеќе за нивниот формат: https://youtu.be/5BqlXUwZS0s
Во продолжението од новата серија на ЕДУИНО Вебинари, предвидени се 9 вебинари, организирани во различни тематски области. Периодот на одржување на вебинарите е од крајот на Септември до почетокот на Декември. Работен јазик на ЕДУИНО вебинарите е македонски јазик и за сите вебинари е обезбеден симултан толкувач на албански јазик. За потребите на оваа серија на вебинари СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации објавува оглас за:
- Предавачи на ЕДУИНО вебинари – онлајн настани
(се бараат 3 предавачи)
Секој предавач може да се пријави за една или повеќе теми преку избирање на теми за кои е заинтересиран во прашалникот што може да го најдете со клик на овој линк . Доколку сакате да се пријавите за повеќе од една тема потребно е да го пополните прашалникот за секоја тема одделно. За подетално да ги разгледате темите од вебинарите, кликнете на следниот линк.
Кои ќе бидат одговорностите на предавачите?
- Да проследи самостојна еднодневна обука за презентациски вештини и техничка обука (на маил ќе бидат доставени материјали и снимени туторијали од тимот на ЕДУИНО)
- Подготовка на концепт и очекувани резултати за предавањето; како и целосно подготвување за предавањето согласно знаењето и вештините на говорникот и актуелните трендови
- Подготовка на презентација за предавање согласно предвидената тема (однапред утврдена со ЕДУИНО тимот)
- Подготовка на прашања и техничка подготовка на Google Forms квиз (со детерминирани бодови и прашања) со цел проверка на стекнати знаења на учесниците
- Одговарање на прашања од страна на учесниците на вебинарот/настанот како и подготвеност за дискусија на темата
- Подготовка на активности за слушателите придружени со рубрика за евалуација
- Прегледување и евалуирање на пристигнатите активности од страна на слушателите
- Подготовка на извештаи од извршената анализа на квизот и пристигнатите активности
- Подготовка на краток извештај за завршената работа како предавач/говорник
- Активна комуникација и соработка со СмартАп/ЕДУИНО тимот
Кои се потребните вештини и квалификации?
- Минимум 2 годишно искуство во јавни настапи/обраќања на теми поврзани со дигиталните технологии, образованието или теми кои се од големо значење за сите учесници во образовниот систем
- Или минимум 5 годишно работно искуство во областа на образованието
- Докажани резултати во креирање и спроведување на образовните материјали и предавања
- Способност своето знаење да го пренесе како писмено, така и презентациски и практично
- Активно познавање (пишан и говорен) на македонскиот јазик
- Одлично познавање и активно користење на Microsoft PowerPoint или други слични апликации за презентација (MentiMeter на пр.)
- Познавања на апликацијата ZOOM
Одлични комуникациски вештини - Способност за дебатирање како и соодветни познавања на теми поврзани со образованието
- Активно користење на камера и микрофон, зборување пред широк аудиториум и добри презентациски вештини
- Иако за истите ќе има и дополнителна напредна обука со цел говорниците да се подготвени за имплементација на високо квалитетен вебинар
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
- Ангажманот се склучува преку Авторски договор со СмартАп за сработена работа
- Предвиден е еднократен паричен надоместок за секој од вебинарите, по достава на потпишан извештај за сработената работа
- Вкупниот надоместок за имплементација на еден вебинар е 6600 MKD (бруто)
- Техничка поддршка за време на настанот и при подготовка на презентацијата
- Задолжително проследување на самостојна еднодневна обука за презентациски вештини и техничка обука
- Со цел да се добие појасна слика за работната задача, можете нашите настани да ги погледнете на Вебинари – ЕДУИНО | EDUINO
- Предавачот треба да си обезбеди лаптоп, камера и микрофон за своето предавање
- Предавањата да бидат јасни, прецизни и конкретни
За апликација испратете го Вашето CV на [email protected] со наслов Апликација за Предавач на ЕДУИНО вебинари и пополнете го прашалникот за теми. Доколку сакате да се пријавите за повеќе од една тема потребно е да го пополните прашалникот за секоја тема одделно.
Краен рок за аплицирање е 04.09.2022 година.