Skip links

Оглас за консултант за развој на курс за едукатори на тема „Превенција и заштита од насилство“

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование и Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.

Целта на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Оваа цел ќе се постигне преку (1) подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, (2) зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство и (3) примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички.

Согласно потребите на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на 1 (еден) соработник

Консултант за развој на курс за едукатори на тема „Превенција и заштита од насилство“

Консултантот ќе работи на развој на онлајн курс за едукатори на темата „Превенција и заштита од насилство“. Курсот ќе треба да се изработи врз основа на наодите од претходно спорведено истражување за потребите на едукаторите. Истиот треба да ги покрие следните теми:

  • Разбирање и препознавање на различни типови на насилство
  • Превенција на насилство
  • Справување со насилство

Целта на курсот е на едукаторите да им понудат примери на наставни ресурси кои ќе им овозможат самостојно да развијат вештини за креирање активности применливи во наставни и воннанставни активности, а поврзани со превенција и справување со насилство кај учениците. 

Кои ќе бидат задачите и одговорностите ?
  • Преглед и анализа на извештаи од претходно спроведени и јавно достапни истражувања за потребите на едукаторите
  • Изготвување на предлог програма на курсот
  • Изработка на материјали за курсот организирани во повеќе модули, каде во рамки на еден модул се вклучени пишани материјали, презентации, видео и аудио записи, интерактивни вежби и квизови за оценување на стекнатото знаење, соодветно наодите од истражувањето и насоките добиени од проектниот тим
  • Давање предлози при изготвување графички решенија на изработените материјали
  • Активно координирање и комуникација со проектниот координатор и координаторот за активности 
  • Подготовка на завршен наративен извештај од активноста според претходно утврден примерок
  • Водење на дневен/месечен консултантски извештај за сработена работа
  • Овој консултант наративниот и консултантскиот извештај ги доставува до проектниот координатор на одобрување
Кои се потребните вештини и квалификации? 
  • Минимум 5 години работно искуство како едукатор/тренер
  • Докажана способност да идентификува и развива дигитални образовни материјали наменети за едукатори
  • Широко познавање и примена на современи пристапи во реализацијата на наставните активности
  • Способност за усогласување на развиените материјали со реалните потреби во училницата и наставните програми
  • Познавање на образовните регулативи во државата поврзани со превенција на насилство, промоција на еднакви можности за сите ученици и ученички и правата на децата
  • Силни аналитички и комуникациски вештини
  • Искуство во спроведување онлајн предавања/тренинзи со примена на ИКТ
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • За позицијата се склучува Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно ќе треба да ги спроведе работните задачи во периодот од Февруари до Јуни 2024 година
  • Работното време се организира според доставениот план за работа и согласност од проектниот менаџер
  • Предвиден е надоместок од 20.000 ден. во бруто износ по модул (еден курс содржи повеќе модули) кои ќе бидат исплатени по комплетирање на задачите (по завршен и одобрен наративен и консултантски извештај за извршена работа) 
  • Физичкото присуство не е задолжително поради природата на позицијата
Процес на аплицирање

Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи:

  1. Професионална биографија (CV) 
  2. План за работа на консултантот

За да аплицирате на понудената позиција испратете ја потребната документација на [email protected] со наслов Консултант за развој на курс за едукатори на тема „Превенција и заштита од насилство“

Краен рок за доставување на апликациите е 08.02.2024 година.

Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

Апликантите ќе бидат информирани за исходот од постапката за регрутација.

Leave a comment