СмартАП – Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.
СмартАП – Лабораторија за социјални иновации во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование и Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.
Целта на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Оваа цел ќе се постигне преку (1) подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, (2) зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство и (3) примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички.
Согласно потребите на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на 1 (еден) соработник
Консултант за развој на курс за едукатори на тема „Превенција и заштита од насилство“
Консултантот ќе работи на развој на онлајн курс за едукатори на темата „Превенција и заштита од насилство“. Курсот ќе треба да се изработи врз основа на наодите од претходно спорведено истражување за потребите на едукаторите. Истиот треба да ги покрие следните теми:
- Разбирање и препознавање на различни типови на насилство
- Превенција на насилство
- Справување со насилство
Целта на курсот е на едукаторите да им понудат примери на наставни ресурси кои ќе им овозможат самостојно да развијат вештини за креирање активности применливи во наставни и воннанставни активности, а поврзани со превенција и справување со насилство кај учениците.
Кои ќе бидат задачите и одговорностите ?
- Преглед и анализа на извештаи од претходно спроведени и јавно достапни истражувања за потребите на едукаторите
- Изготвување на предлог програма на курсот
- Изработка на материјали за курсот организирани во повеќе модули, каде во рамки на еден модул се вклучени пишани материјали, презентации, видео и аудио записи, интерактивни вежби и квизови за оценување на стекнатото знаење, соодветно наодите од истражувањето и насоките добиени од проектниот тим
- Давање предлози при изготвување графички решенија на изработените материјали
- Активно координирање и комуникација со проектниот координатор и координаторот за активности
- Подготовка на завршен наративен извештај од активноста според претходно утврден примерок
- Водење на дневен/месечен консултантски извештај за сработена работа
- Овој консултант наративниот и консултантскиот извештај ги доставува до проектниот координатор на одобрување
Кои се потребните вештини и квалификации?
- Минимум 5 години работно искуство како едукатор/тренер
- Докажана способност да идентификува и развива дигитални образовни материјали наменети за едукатори
- Широко познавање и примена на современи пристапи во реализацијата на наставните активности
- Способност за усогласување на развиените материјали со реалните потреби во училницата и наставните програми
- Познавање на образовните регулативи во државата поврзани со превенција на насилство, промоција на еднакви можности за сите ученици и ученички и правата на децата
- Силни аналитички и комуникациски вештини
- Искуство во спроведување онлајн предавања/тренинзи со примена на ИКТ
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
- За позицијата се склучува Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно ќе треба да ги спроведе работните задачи во периодот од Февруари до Јуни 2024 година
- Работното време се организира според доставениот план за работа и согласност од проектниот менаџер
- Предвиден е надоместок од 20.000 ден. во бруто износ по модул (еден курс содржи повеќе модули) кои ќе бидат исплатени по комплетирање на задачите (по завршен и одобрен наративен и консултантски извештај за извршена работа)
- Физичкото присуство не е задолжително поради природата на позицијата
Процес на аплицирање
Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи:
- Професионална биографија (CV)
- План за работа на консултантот
За да аплицирате на понудената позиција испратете ја потребната документација на [email protected] со наслов Консултант за развој на курс за едукатори на тема „Превенција и заштита од насилство“
Краен рок за доставување на апликациите е 08.02.2024 година.
Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.
Апликантите ќе бидат информирани за исходот од постапката за регрутација.
Bravo za VAS