Skip links

Оглас за Проектен асистент

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на образование, иновации во јавен сектор и климатски промени. Преку својот иновативен пристап и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од креативни, амбициозни и мотивирани соработници, тимот е секогаш отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат позитивна промена за својата околина и општество.

Согласно потребите на организацијата, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим со:

 

Проектен Асистент

Кои ќе бидат одговорностите на проектниот менаџер?

  • Директна соработка со проектниот тим и поддршка во реализација на проектните активности.
  • Поддршка при организирање на настани.
  • Логистичка поддршка на проектни активности.
  • Менаџирање на процесот на набавка (собирање на понуди, достава, комуникација со засегнати страни).
  • Подготовка и собирање на апликации, подготовка на договори за надворешни и внатрешни соработници и консултанти.
  • Проверка, надгледување во делот на достава и собирање на месечни/дневни извештаи за сработена работа од страна на консултнатите.
  • Административна проверка на документација за плаќања и нивна организација.
  • Одговорно собирање на целокупната документација поврзана со проектите согласно потребите на проектните извештаи.
  • Подготовка на целокупната административна документација за одредени проектни активности.
  • Редовна комуникација со целиот тим, како и надворешните соработници и консултанти.
  • Почитување на интерните правила и процедури на организацијата.

Кои се потребните вештини и квалификации?

  • Минимум две (2) години работно искуство на иста или слична позиција.
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.
  • Одлично познавање на MS Office пакетот како и Google Drive, Outlook.
  • Способност за планирање, организација и реализација на активности во кратки рокови.
  • Одлични комуникациски и  организациски вештини.
  • Професионален однос кон сите вклучени страни .
  • Поседување на диплома од високо образование ќе се смета за предност.

Логистички информации поврзани со работниот ангажман:

  • Лицето се очекува да започне со работа од 01.02.2025 година, во период од 6 месеци со можност за продолжување
  • Предвидениот месечен надомест е согласно изработените работни часови во месецот (во просек 20%) каде што како основа се зема бруто сума од 98.304,00 ден за полно работно време. 
  • Работата се извршува во канцеларија, во просториите на организацијата.
  • Се очекува редовно водење на дневен записник за извршените задачи.

Краен рок за аплицирање е 23.12.2024. Ве молиме во апликациската форма поднесете Резиме (CV) на македонски и/ или англиски јазик.

Апликациите се поднесуваат електронски преку е-маил на [email protected] со наслов “Апликација за проектен асистент“.

Процесот на интервју ќе се одвива во период од 13 до 17 јануари 2025 година. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Leave a comment