СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на образование, иновации во јавен сектор и климатски промени. Преку својот иновативен пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот е секогаш отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат позитивна промена за својата околина и општество.
Согласно потребите на организацијата, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за вработување на:
Проектен асистент
Кои ќе бидат одговорностите на проектниот асистент?
- Подготовка и прибирање на апликации, подготовка на договори за надворешни и внатрешни соработници и консултанти
- Административна проверка на сите влезни и излезни фактури, реализација на исплата и плаќања
- Проверка, надгледување во делот на достава и прибирање на месечни/дневни извештаи за сработена работа
- Менаџирање на процесот на набавка (прибирање на понуди, достава, комуникација со засегнати страни)
- Логистичка поддршка на проектни активности
- Подготовка на документација за плаќања
- Одговорно прибирање на целокупната документација поврзана со проектите, како и проследување до крајниот корисник
- Подготовка на целокупната административна документација
- Редовна комуникација со целиот тим, како и надворешните соработници и консултанти
- Директна соработка со проектниот тим и поддршка во реализација на проектните активности
Кои се потребните вештини и квалификации?
- Минимум две (2) години работно искуство на иста или слична позиција
- Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office пакетот како и Google Drive, Outlook
- Способност за планирање, организација и реализација на активности во кратки рокови
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Професионален однос кон сите вклучени страни
- Поседување на диплома од високо образование ќе се смета за предност
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
- Лицето се очекува да почне со работа од 1 февруари 2024 во период од 12 месеци, со можност за продолжување
- Првично се прави договор за вработување во времетрење од 3 месеци, кој се смета како пробен период
- Почетна плата од 30 000 денари нето сума (предвидено е градациско зголемување на платата, во зависност од интересот и ангажираноста)
- Ангажманот се склучува преку Договор за вработување
- Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи
Краен рок за аплицирање е 10.01.2024. Ве молиме во апликациската форма поднесете Резиме (CV) и мотивациско писмо на англиски јазик. Апликациите се поднесуваат електронски на порталот: https://innovationlab.zohorecruit.com/careers или преку е-маил на [email protected].
Процесот на интервју ќе се одвива во период од 15 – 18 Јануари. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.