Skip links

Оглас за Проектен менаџер

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на образование, иновации во јавен сектор и климатски промени. Преку својот иновативен пристап и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од креативни, амбициозни и мотивирани соработници, тимот е секогаш отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат позитивна промена за својата околина и општество.

Согласно потребите на организацијата, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим со:

Проектен Менаџер

Кои ќе бидат одговорностите на проектниот менаџер?

  • Планирање и координација на проектни активности: изработка на проектни планови, следење на динамика и имплементација.
  • Управување со ресурси: човечки, технички и финансиски ресурси, контрола на буџет и трошоци.
  • Комуникација: редовна комуникација со сите вклучени страни, внатрешни и надворешни партнери.
  • Управување со ризици: навремена идентификација и минимизирање на потенцијални ризици.
  • Контрола на квалитет: следење дали активностите се спроведуваат според стандардите и очекуваниот квалитет.
  • Поддршка на тимот: водење на проектниот асистент и унапредување на тимската соработка.
  • Документација и извештаи: подготовка на периодични и завршен извештај до донатори и менаџмент, со препораки за идни проекти.

Кои се потребните вештини и квалификации?

  • Универзитетска диплома од релевантна област (општествени науки, менаџмент, јавна администрација, итн.)
  • Минимум 5 години работно искуство во управување со проекти, со најмалку 2 години во невладиниот сектор.
  • Познавање на процеси за извештаи, буџетска контрола и соработка со донатори.
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.
  • Одлично познавање на MS Office пакетот како и Google Drive, Outlook.
  • Способност за планирање, организација и реализација на активности во кратки рокови.
  • Одлични комуникациски и  организациски вештини.
  • Професионален однос кон сите вклучени страни.

Логистички информации поврзани со работниот ангажман:

  • Лицето се очекува да започне со работа од 01.02.2025 година, во период од 6 месеци со можност за продолжување
  • Предвидениот месечен надомест е согласно изработените работни часови во месецот (во просек 25%) каде што како основа се зема бруто сума од 153.600,00 ден за полно работно време.
  • Работата се извршува во канцеларија, во просториите на организацијата.
  • Се очекува редовно водење на дневен записник за извршените задачи.

Краен рок за аплицирање е 23.12.2024. Ве молиме во апликациската форма поднесете Резиме (CV) на македонски и/ или англиски јазик.

Апликациите се поднесуваат електронски преку е-маил на [email protected] со наслов “Апликација за проектен менаџер“.

Процесот на интервју ќе се одвива во период од 13 до 17 јануари 2025 година. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Leave a comment