Skip links

Оглас за техничко лице за поддршка за изработка на дигитален систем

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации  со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „EmpowerED: Дигитално самооценување на наставници, во периодот Декември 2024 – Ноември 2025 година.

Целта на проектот е да се дигитализира процесот на самооценување за наставниците во Северна Македонија преку создавање интерактивен модул за самооценување и преку сеопфатна база со податоци за потребите на наставниците. Ова решение има за цел да го насочи процесот на самооценување, правејќи го попристапен, временски ефикасен и ефективен за едукаторите. Главните активности вклучуваат:

  1. Дигитален систем за самооценување: Развој  на интерактивен онлајн модул врз основа на постојниот образец за самооценување.
  2. База на податоци за потребите на наставниците: Прикажување на јавна база на податоци за потребите на наставниците добиена од податоците за самооценување.

Согласно потребите на проектот „EmpowerED: Дигитално самооценување на наставници“, СмартАП објавува оглас за ангажирање на соработник за позициите:

  1. Соработник за корисничко искуство (UX) и дефинирање на систем  
  2. Соработник за техничка поддршка (ИТ Офицер)

Консултант ќе работи на  подготовка на проектна документација, спецификација, координација и надгледување на техничкиот развој на алатката за самооценување на наставниците.

  1. Соработник за корисничко искуство (UX) и дефинирање на систем (период Декември 2024 – Јануари 2025)

Кои ќе бидат задачите и одговорностите ?

  • Го води планирањето на алатката за самооценување.
  • Координирање со внатрешните заинтересирани страни за разбирање на барањата и собирање на повратни информации.
  • Изработка на спецификација за кориснички улоги и нивни одговорности во системот.
  • Изработка на спецификација на работните текови и структури на формуларите.
  • Прецизирање на критериуми за филтрирање и визуелизации на базата на податоци.
  • Дефинирање на шаблони за извештаите кои треба да се генерираат од алатката.

Кои се потребните вештини и квалификации? 

  • Завршено високо образование во областа на информатичка технологија, компјутерски науки или сродна дисциплина.
  • Најмалку 5 години професионално искуство во развој, имплементација, и управување со дигитални платформи и алатки.
  • Докажано искуство во дизајн и развој на интерактивни онлајн модули.
  • Одлични организациски и координациски вештини, особено во управување со проекти со повеќе заинтересирани страни.
  • Високо ниво на техничко познавање за управување со алатки за самоевалуација и кориснички интерфејси (UX/UI).
  1. Соработник за техничка поддршка (ИТ Офицер, период Февруари 2025 – до крај на проектот)

Кои ќе бидат задачите и одговорностите ?

  • Го води развојот и техничката имплементација на алатката за самооценување.
  • Управување со временските рокови и испораки за да се осигура дека алатката ќе биде развиена и имплементирана навремено.
  • Водење на развојот на информациски панел за потребите на наставниците.
  • Обезбедување поддршка за корисниците за време на воведувањето на алатката и обезбедување обуки за администратори и клучни корисници за управување и користење на алатката.
  • Соработка со ИТ оддели или тимови за имплементација на алатката.

Кои се потребните вештини и квалификации? 

  • Завршено високо образование во областа на информатичка технологија, компјутерски науки или сродна дисциплина.
  • Најмалку 5 години професионално искуство во развој, имплементација, и управување со дигитални платформи и алатки.
  • Докажано искуство во дизајн и развој на интерактивни онлајн модули.
  • Познавање на бази на податоци (на пример, MySQL, PostgreSQL) и искуство во развој на интегрирани системи за податоци.
  • Одлични организациски и координациски вештини, особено во управување со проекти со повеќе заинтересирани страни.

Логистички информации поврзани со работниот ангажман:

  • За позицијата се склучува Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно ќе треба да ги спроведе работните задачи во периодот од Декември 2024 до Ноември 2025 година.
  • Работното време се организира според доставениот план за работа и согласност од проектниот менаџер.
  • Физичкото присуство не е задолжително поради природата на позицијата.

Процес на аплицирање

Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи:

  1. Професионална биографија (CV) 
  2. Финансиска понуда за еден консултантски ден

За да аплицирате на понудените позиции испратете ја потребната документација на [email protected] со наслов “[Наслов на позиција] за EmpowerED”.

Една иста личност може да аплицира за двете позиции со тоа што треба да достави посебна финансиска понуда за секоја од позициите.

Краен рок за доставување на апликациите е 02.12.2024 година.

Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

Leave a comment