СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на образование, иновации во јавен сектор и климатски промени. Преку својот иновативен пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот е секогаш отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат позитивна промена за својата околина и општество.
Согласно потребите на организацијата, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за вработување на: Специјалист за социјални медиуми.
Вашите одговорности ќе вклучуваат:
- Подготовка на неделни комуникациски планови
- Креирање и управување со кампањи на социјалните медиуми за специфични активности
- Креирање на содржини за „Facebook“ и „Instagram“, како и други канали по потреба
- Креирање на настани и објави за социјалните медиуми
- Закажување и објавување на содржини, изработка на месечни комуникациски планови
- Собирање на информации за тековните активности и подготвување на месечни, квартални и годишни извештаи
- Учество во редовни неделни и месечни состаноци
- Водење на месечни извештаи за објавените активности на социјалните мрежи
Потребни вештини и квалификации:
- Минимум 2 години искуство во дигитален маркетинг и/или менаџирање со социјални медиуми
- Способност за креирање на содржини за маркетинг кампањи и објави на социјалните медиуми
- Способност за работа во динамична средина
- Одлични комуникациски вештини и способност за креативно пишување
- Предност ќе имаат кандидати со искуство во креирање на графички и видео содржини насочени според потребите за промоција и презентација на проектите на социјалните медиуми
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
- Лицето се очекува да почне со работа од 1 Септември 2024 во период од 12 месеци, со можност за продолжување
- Првично се прави договор за вработување во времетрење од 3 месеци, кој се смета како пробен период
- Почетна плата од 40 000 денари нето сума (предвидено е градациско зголемување на платата, во зависност од интересот и ангажираноста)
- Ангажманот се склучува преку Договор за вработување
- Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачиКраен рок за аплицирање е 10.01.2024. Ве молиме во апликациската форма поднесете Резиме (CV) и мотивациско писмо на англиски јазик.
Краен рок за аплицирање е 15.08.2024. Ве молиме во апликациската форма поднесете Резиме (CV) и мотивациско писмо на англиски јазик во електронскиот систем на следниов линк: