Skip links

Отворен повик: Copywriter за ЕДУИНО – вебинари

Кои ќе бидат одговорностите на Copywriter за ЕДУИНО – Вебинари?
  • Воведување во проектната активност на вебинарите за која треба да се подготват содржини, преку комуникација и соработка со координаторот
  • Учество со совети и насоки во планирање и креирање на комуникациска стратегија (најдобри практики за copywriting)
  • Креирање на пишана содржина за сите посочени канали за комуникација ( Facebook, Instagram,mailchimp), web страница за ЕДУИНО вебинари и сл;
  • Пишување и обликување на текст погоден за објава на сите пишани и дигитални медиуми (со адаптација на содржини за несродни канали)
  • Подготовка на насоки и совети за графичка содржина која треба да го придружува текстот со цел оптимизација на неговата посетеност
  • Координација со маркетинг експерт за добивање на информации поврзани со потребите за текстови
  • Активна соработка и комуникација со проектниот менаџмент и проектниот тим
  • Подготовка на извештај за сработеното
Кои се потребните вештини и квалификации?
  • Задолжително е работно искуство од минимум две (2) години во областа на copywriting/авторско пишување на текстови и натписи
  • Умешност за пишување и подготовка на натписи и блогови за дигитални медиуми, со особен акцент на пишување на текстови за образовни цели или за информирање и едуцирање на наставници/едукатори на веб платформа за образование (copywriting)
  • Одлично познавање на македонскиот јазик, во пишана форма
  • Искуство во работа во дигитална средина
  • Креативност, проактивност, способност за тимска работа и флексибилност
  • Максимална посветеност и одговорност кон работењето и почитување на рокови
  • Претходно искуство и/или познавање на принципите на фриленс работа или пак работа на далечина (remote work); пред се познавање на алатки како Google Drive, MS пакетот и Microsoft Teams
  • Докажана способност за формулирање на комплексни концепти во разбирливи текстови за генералната публика
  • Познавање на секторот образование и/или претходна работа во маркетинг со проекти поврзани со деца, родители и/или наставници ќе се смета за предност
  • Познавањето на албанскиот (пишан) јазик ќе се смета за предност
  • Желба за работа во мултидисциплинарна средина, со отворени, проактивни и динамични луѓе
  • Желба за работа во полето на образование
  • Познавање на секторот образование и/или претходна работа на проекти поврзани со деца, родители и/или наставници ќе се смета за предност
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • Ангажманот се склучува преку Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно периодот Мај 2022, Октомври –
  • Декември 2022 (вкупно 4 месеци)
  • Ангажманот се базира на испорачани задачи, а не на работни часа
  • Физичкото прусуство не е задолжително поради природата на позицијата и моменталната здравствена ситуација во државата

Испратете го Вашето CV и понуда (во понудата треба да наведете бруто сума по страна во денари) на [email protected] со наслов Апликација за Copywriter. Исто така задолжително е да пратите пример од промо текст од една страница за најава на настан од образовен карактер доколку веќе имате, или да креирате таков текст по ваша желба и замисла. Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг за селекција. Краен рок за аплицирање е 11.04.2022 година.

Leave a comment