Skip links

Отворен повик: Модератори на вебинари (онлајн настани)

Модератори на вебинари (онлајн настани)
И тоа на македонски јазик и на албански јазик кои ќе бидат координирани според распоредот на вебинарите и нивната достапност

Кои ќе бидат одговорностите на модераторот?
  • Учество во генерална проба (30 мин) со говорниците која вклучува кратки насоки за текот на вебинарот како и техничка проверка со тимот
  • Презентирање и објаснување на кратка презентација (15 мин) како вовед за сите учесници на вебинарот (правила на учество)
  • Подготовка на сопствена модератор MentiMeter презентација која вклучува дополнување на прашања кои се добиваат од говорниците за време на настанот
  • Отворање на настанот и претставување на темата и говорниците
  • Учество во состаноци за подготовка и/или координација
  • Активно комуницирање со сите засегнати и вклучени во настанот со цел ефективна подготовка
  • Учество во технички тренинзи
  • Спроведување на пред-настан чек-листа за проверка на подготвеноста на вебинарот
  • Модерирање на сесии со прашања и одговори
  • Дополнување на формулар за евалуација со прашања кои како модератор се потенцирани како важни и релевантни
  • Учество во комуникација после вебинарот со учесници, заинтересирани страни и сл.
  • Комуникација со проектен менаџер и целиот тим на проектот
  • Подготовка на извештај за сработеното
Кои се потребните вештини и квалификации?
  • Минимум 2 годишно искуство како модератор на настани (искуство во модерирање на онлајн настани ќе се смета како плус)
  • Активно познавање на пишан и говорен македонски јазик
  • Активно познавање на пишан и говорен албанскиот јазик (ова важи само за лицата кои ќе се пријават за позицијата модератор на албански јазик)
  • Одлично познавање и активно користење на Slides и Microsoft PowerPoint
  • Одлично познавање и активно користење на Mentimeter (една од главните алатки кои ги користиме)
  • Одлични познавања на апликацијата ZOOM
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за конструктивно дискутирање и развивање на разговор, како и основни познавања на теми поврзани со образование
  • Способност за водење на Q&A (прашања и одговори) сесии
  • Способност за одговарање и извршување на работните задачи во краток рок и работа во непланирани ситуации
  • Достапност, со оглед дека настаните се организираат во краток рок
  • Динамична и комуникативна личност, подготвена да одговори на сите предизвици кои ќе се појават во текот на работата
  • Тимски играч
  • Познавање на секторот образование и/или претходна работа во проекти поврзани со деца, родители и/или наставници ќе се смета за предност
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • Ангажманот се склучува преку Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно периодот Мај 2022, Октомври – Декември 2022 (вкупно 4 месеци)
  • За отворената позиција се исплаќа сума од 3000 денари (бруто сума) од модериран вебинар
  • Работно време се организира според планот за одржување на вебинарите и вашата достапност
  • Физичкото прусуство не е задолжително поради природата на позицијата и моменталната здравствена ситуација во државата

Задолжително испратете го Вашето CV и опционално листа од линкувани онлајн настани на кои сте биле модератор (доколку имате ќе се смета за предност) на [email protected] со наслов Апликација за Модератор. Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг за селекција. Краен рок за аплицирање е 13.04.2022 година.

Leave a comment