СмартАП – Лабораторија за социјални иновации во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование и Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ, а со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.
Целта на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Оваа цел ќе се постигне преку (1) подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, (2) зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство и (3) примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички.
Согласно потребите на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, СмартАП објавува оглас за ангажирање:
Техничка компанија за изработка на модул за објава на едукативни активности
Во моментов се развиваат едукативни активности како дел од проектот “Промоција на безбедна училишна средина”. Овие материјали ќе бидат прикажани на порталот ЕДУЛАБ кој ќе служи како платформа за прикажување и пристап до образовните ресурси што се креираат.
Кои ќе бидат задачите и одговорностите?
Едулаб порталот се базира на системот за управување со содржини Вордпрес (WordPress) и користи Елементор (elementor) како алатка за визуелно уредување на страницата. Во рамки на овој систем ќе треба да се испорачаат следните задачи:
- Изработка на интерен формулар за поднесување активности:
- Изработка на „custom-fields template“ со цел администраторот на порталот да може да креира едукативни активности (post-type).
- Прилагодување на темплејтот согласно формуларот, како и можност за прикачување на датотеки за активности и други релевантни материјали. (линк до формуларот)
- Изработка на Шаблон за прикажување на активностите:
- Развивање на визуелно привлечен и лесен шаблон користејќи Elementor за прикажување на поднесените активности.
- Шаблонот треба да содржи делови за описи на активности, материјали за преземање, слики и друга релевантна содржина (согласно формуларот погоре и прилагодувањето од тимот).
- Оптимизација и тестирање за компатибилност со повеќе уреди:
- Објава на најмалку 5 активности со цел тестирање на новоразвиената форма и шаблон.
- Спроведување на тестирање со цел оптимизација на прикажувањето на сите уреди, вклучувајќи ги и десктоп компјутерите, таблетите и паметните телефони
Очекувана испорака
- Интерен формулар за поднесување активност интегриран во порталот ЕдуЛаб.
- Прилагодлив Elementor шаблон за прикажување едукативни активности.
- Извештај со детали за процесот на објава и тестирање.
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
- За позицијата се склучува Договор за деловно-техничка соработка со СмартАп на определено време односно ќе треба да ги спроведе работните задачи во периодот од 8 Јули до 31 Август 2024 година
Процес на аплицирање:
Овој повик е јавен. Секој субјект кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи:
- Портфолио или листа на спроведени слични активности
- Финансиска понуда
Селекцијата ќе се изврши согласно најниско доставена финансиска понуда.
За да аплицирате на овој оглас, испратете ја потребната документација на [email protected] со наслов „Понуда за надоградба на модул за објава на едукативни активности на ЕДУЛАБ”.
Краен рок за доставување на апликациите е 28.06.2024 година.
Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.