СмартАп – Лабораторија за социјални иновации организира работилницата – „Креирај едукативни активности за најмладите” како дел од проектот #Inno4Edu „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“.
За оваа цел, ги покануваме сите графички дизајнери и илустратори кои сакаат визуелното да ги претставуват едукативните активности кои ќе се изработуваат на оваа дводневна работилница од страна на воспитувачи и наставници, која ќе се оддржи од 15ти до 16ти ноември во хотел Порта, Скопје.
Работилницата ја организираме со цел вклучување на воспитувачите и одделенските наставници во креирање на содржина на националната веб платформа за образование, каде тие ќе можат да пристапат и преземат материјали за подобро спроведување на својот час со деца од 3 до 10 години. Целта ни е брзата достапност на ваквите ресурси создадени и поддржани од заедницата да обезбедат подобра едукација за сегашните и идните генерации.