Skip links

Повик за обучувачи или организација за спроведување обуки во областа на климатската адаптација

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.

СмартАП – лабораторија за социјални иновации во партнерство со Општина Куманово, го спроведува проектот „Отпорно Куманово: Градење на климатска подготвеност на Куманово“, во периодот јануари 2026 – јуни 2027 година.

Проектот има за цел да изгради системски пристап за развивање на отпорноста, кој вклучува климатска адаптација и адресирање на клучните потреби во заедницата.

Согласно потребите на проектот „Отпорно Куманово: Градење на климатска подготвеност на Куманово“, СмартАП објавува оглас за ангажирање на физички и/или правни лица за спроведување обуки:

Тренер/и (обучувачи) / организација за спроведување обуки

Избраните физички или правни лица ќе бидат ангажирани да спроведат обуки членовите на проектниот тим.

Сесиите може да се спроведат физички (на локација) или онлајн (дигитално), во согласност со договорот со избраниот тренер и потребите на проектниот тим. Обуките ќе се спроведат на македонски јазик.

Клучни задачи и одговорности:

  • Дизајнира и реализира програма за градење на капацитети за проектниот тим. Доколку апликантот е правно лице, потребно е да предложи тим/експерт(и) кои ќе бидат одговорни за подготовка и реализација на обуките. Темите на обуката треба да опфатат:
    • Климатска адаптација и праведна отпорност
    • Акциско планирање и приоретизирање на инвестиции
    • Управување и имплементација на адаптациски мерки
    • Основи на климатско финансирање
    • Мониторинг, евалуација и вклучување на засегнати страни (MEL)
  • Изготвува план и дизајнира презентациски материјали (агенда, презентација и други работни материјали, доколку е потребно)
  • Реализира обуки (онлајн или физички) – согласно селекцијата.
  • Активно координирање и комуникација со проектниот тим
  • Подготовка на завршен/финален извештај за спроведените обуки

Приоритет ќе се даде на програми кои директно придонесуваат кон изработка на Стратегијата за климатска отпорност, како и акцискиот и инвестицискиот план. Сепак, може да се достават и предлози за дополнителни теми релевантни за контекстот.

Квалификации и услови за аплицирање:

За физички лица:

  • високо образование од областа на животна средина, урбано планирање или сродна дејност.
  • листа на спроведени минимум 5 обуки на теми поврзани со климатска акција, одржлив развој, активирање на заедницата и иновации во јавна администрација.
  • минимум 5 години искуство во спроведување обуки или градење капацитети.

За правни лица:

  • релевантно организациско портфолио и/или листа на реализирани проекти, обуки или активности поврзани со климатска акција, одржлив развој, локален развој, јавна администрација, фасилитација или градење капацитети.
  • предложен тренер/и или експертски тим со релевантно искуство и квалификации за темите на обуката.
  • Искуство во работа со локални власти и/или граѓански организации; искуство во организирање или спроведување интернационални обуки ќе се смета за предност. Потребни се одлични комуникациски и фасилитаторски вештини.

Логистички информации

Сите заинтересирани правни или физички лица потребно е да достават апликација со документи преку кои ќе се докаже исполнувањето на квалификациите од јавниот повик.

  • Физичките лица доставуваат CV и релевантна листа на проекти/обуки со наведена улога и главни одговорности.
  • Правните лица доставуваат портфолио/референтна листа на релевантни проекти и обуки, како и CV на предложениот/те тренер/и или експертски тим.

Апликацијата потребно е да вклучува:

  • CV на предложениот/те тренер/и и релевантна листа на проекти/обуки (за физички лица) или портфолио/референтна листа на организацијата со CV на предложениот тим (за правни лица)
  • Предлог програма за обуки (опфатени теми, начин на реализација)
  • Финансиска понуда за спроведена обука, со јасно наведени трошоци и даночен третман/ДДВ, доколку е применливо

Дополнителни напомени:

  • Едно физичко или правно лице може да аплицира со повеќе предлог програми за обука.
  • Селекцијата ќе се спроведе според содржината, квалитетот и релевантноста на предложените програми, како и според релевантното искуство на физичкото лице или предложениот тим кај правното лице.
  • Од повеќе понудувачи може да бидат избрани различни обуки, во зависност од потребите и достапниот проектен буџет.

Начин и рок на аплицирање

Потребните документи да се достават на [email protected] , со назнака: Апликација за тренер/и за обуки на проект „Отпорно Куманово: Градење на климатска подготвеност на Куманово“

Краен рок за аплицирање: 26.05.2026, до 15:30 часот.

Leave a comment