Skip links

Повик за ангажирање на истражувач/ка за енергетски заедници и електрична мобилност

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на образование, иновации во јавен сектор и климатски промени. Преку својот иновативен пристап и посветеност, тимот на СмартАП секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од амбициозни и мотивирани соработници, тимот е секогаш отворен за нови професионалци кои сакаат да работат во пријатна работна средина и кои целат преку своето работење да креираат позитивна промена за својата околина и општество.

Согласно потребите на тековниот проект Community Energy Cooperatives, СмартАП објавува оглас за ангажирање на:

Истражувач/ка за енергетски заедници и електрична мобилност

Проектот е насочен кон поддршка на локалната енергетска транзиција преку развој и истражување на:

  • инфраструктура за полначи за електрични возила;
  • енергетски заедници;
  • обновливи извори на енергија;
  • локални модели за одржлива мобилност и енергетско планирање.

Ангажираното лице ќе обезбеди техничка, истражувачка и аналитичка поддршка во рамки на проектните активности, со фокус на енергетски системи, електрична инфраструктура и можности за развој на локални енергетски заедници.

Клучни задачи и одговорности:

  • Спроведување технички и истражувачки анализи поврзани со:
    • инфраструктура за EV полначи;
    • електродистрибутивна мрежа;
    • енергетски заедници;
    • обновливи извори на енергија и системи за складирање на енергија;
  • Анализа на стратешки документи на национално и локално ниво и идентификување на можности и бариери за понатамошен развој на енергетски заедници.
  • Анализа на правни, технички, и просторни предуслови за поставување на полначи за електрични возила;
  • Поддршка при мапирање и анализа на релевантни институции, компании и локални чинители;
  • Разработка на на бизнис концепти, препораки и модели за локални енергетски иницијативи, врз основа на резултатите од претходни и тековни активности од проектот
  • Учество на состаноци, консултации и координација со јавни институции, општини, енергетски компании и други засегнати страни;
  • Подготовка на извештаи, анализи, презентации и проектни документи;
  • Поддршка во активности поврзани со енергетски заедници и одржлива мобилност.

Потребни вештини и квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на електротехника, енергетика или сродна техничка област;
  • Минимум 5 години професионално искуство во:
    • електроенергетски системи;
    • дистрибутивна мрежа;
    • енергетско планирање;
    • обновливи извори на енергија;
    • електрична мобилност;
  • Искуство во комуникација и соработка со институции, општини, компании и други засегнати страни;
  • Искуство во спроведување на истражувања, како и развој и работа на проекти од областа на одржлива мобилност, електрични возила, енергетски заедници и сродни теми.
  • Познавање на национална законска рамка и енергетски политики ќе се смета за предност;
  • Одлични аналитички, организациски и комуникациски вештини;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Способност за самостојна и тимска работа.

Предност ќе имаат кандидати со:

  • Искуство во планирање на електродистрибутивни системи;
  • Искуство во проекти поврзани со енергетски заедници и паметни мрежи;
  • Искуство со јавни инфраструктурни или општински проекти;

Логистички информации поврзани со работниот ангажман:

  • Лицето се очекува да почне со работа од 1 септември 2026 во период од 6 месеци.
  • Ангажманот се склучува преку Договор за вработување.
  • Почетна плата од 60,000 денари нето сума.
  • Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи.

Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи:

  • Резиме (CV) на македонски и/или англиски јазик

За да аплицирате на понудената позиција испратете ја потребната документација на [email protected] со наслов “Истражувач/ка за енергетски зедници и електрична мобилност”.

Краен рок за доставување на апликациите е 05.08.2026 година.

Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

Leave a comment