Skip links

Повик за креатори, дизајнери и технички лица за изработка на образовни материјали и едукативни игри за деца од 3 до 10 години

Во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ (#Inno4Edu), финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ, објавуваме отворен повик за 8 креатори на образовни материјали и едукативни игри за деца од 3 до 10 години наменети за прикачување на првата национална веб-платформа за образование.

За развој на првата база на едукативна содржина, СмартАп распишува оглас со цел да ангажира 3 содржински креатори и 5 технички лица на авторски договор во насока на развивање на образовни материјали и содржини за едукативни игри и активности за деца од 3 до 10 години.

Leave a comment