Skip links

Оглас за ангажирање на Правен експерт

Проект: Иновативен финансиски модел за поддршка при транзицијата кон обновливи извори на енергија 

СмартАп Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи во областите на образование, климатски промени и иновации во јавниот сектор.

Нашата работа се одликува со интердисциплинарен пристап, со цел да создадеме средина каде различни актери од системот можат да се сретнат и, преку фасилитиран процес на ко-креирање, да адресираат постоечки општествени предизвици.

СмартАп делува на еко-системот преку поврзување на различни засегнати страни за промовирање и развивање на социјални иновации, градејќи општество кое е социјално, еколошки и економски одржливо. СмартАп е основан со мисија да ги катализира социјалните иновации во земјата и регионот.

Кои се целите на проектот? 

СмартАп Лабораторија за социјални иновации (СМАРТ АП) има за задача да заедно со своите партнерски организации изработи модел на финансирање согласно македонското важечко законодавство кој би овозможил со помош на еден или повеќе типа на инвестиции се создадат поволни услови за изведба на системи за добивање на енергија од обновливи извори. 

Целта на проектот е во време на енегетска криза да поттикне поактивна соработка меѓу локалната самоуправа и заедницата и на еден партиципативен пристап да овозможи идентификување и развој на финансиски модел спроведлив во рамките на македонското важечко законодавство кој ќе обезбеди активно вложување односно инвестирање во производство на енергија од обновливи извори за потребите на заедницата. 

Делокругот на работа и очекувани резултати:

Вкупен број на предвидени експертски денови: 20 дена

  1. Анализа на: законите и подзаконските акти, промените, правните недоречености и нерегулирани области, кои се однесуваат на  начините на финасирање  на локалната самоуправа, финасирањето на објекти кои се под капата на локалната самоуправа како и останатите објекти со кои управува државата
  2. Идентификување на јавни политики кои се во корелација со адекватните законски и подзаконски акти за спроведување на вакви активности односно колективна инвестиција (crowdsourcing)
  3. Регионална компаративна анализа на правно регулираните и дерегулираните области кои се однесуваат на можности за потенцијално финансирање при реализација на ваква инвестиција; 
  4. Подготовка на правна рамка за развој на финансиски модел врз основа на колективна инвестиција која би се користела за развој на ваков модел низ работилници за ко-креирање со засегнатите страни
  5. Учество во процесот на ко-креирање , учество во работилници 
  6. Поддршка на економскиот експерт при изработка на финасискиот модел 
  7. Правна рамка (за одржливост на овој финансики модел)
  8. Подготовка на предлог на договор помеѓу единиците на локалната самоуправа и потенцијалните инвеститори 
  9. Достава на завршен извештај

Резултат 1: Достава на извештај кој ги содржи точките 1-2 заклучно со 4 Ноември 2022 (10-12 страни со техничка спецификација: фонт 12, големина А4, проред 1, маргини – Normal);

  • Краток извештај за законските можности за имплементација на ваков модел
  • Изработка на правна рамка во која ќе бидта опфатени можностите која ќе се користи на работилници за ко-креирање 

Резултат 2: Достава на предлог правна рамка која ќе се користи на работилници за ко-креирање и која ги посочува важните аспекти кои треба да се земат предвид при дефинирање на финансиски модел заклучно со 10 Ноември 2022.

  • Изработка на документ кој презентира неколку предлог модели согласно добиениот инпут од спроведените работилници
  • Финализација на еден модел кој ќе биде тестиран во 2023 година

Експертот е задолжен да достави извештај за работата (time-sheet) во формат зададен од СМАРТ АП за периодот за кој е ангажиран. Сите активности ќе бидат имплементирани во координација со проектниот тим на СМАРТ АП. Работни јазици на овој ангажман се македонски и англиски јазик заклучно 20 Декември.

Сопственост

Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на СМАРТ АП. Експертот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од СМАРТ АП

Надомест

Надоместокот  за извршените услуги на експертот изнесува 5000 денари бруто сума по консултантски ден. 

Потребни документи:

 a. За правни лица  Тековна состојба од Централен регистар на Р. Македонија  Референтна листа на претходни слични ангажмани на предложениот експерт  CV (професионално резиме)

b. За физички лица • Референтна листа на претходни слични ангажмани • CV (професионално резиме) 

Процес на селекција и бодување 

СМАРТ АП ќе го избере експертот на отворен повик. Процесот на евалуација ќе биде спроведен врз основа на следните критериуми со следниот удел во вкупната оценка

Евалуација на професионално резиме (CV)-40%
Евалуација на референтна листа на претходни слични ангажмани- 60%

До кога може да се достави  апликацијата?

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на [email protected] со наслов: Апликација за правен експерт, не подоцна од 17ти октомври (понеделник) (23:59ч.) 2022г. СМАРТ АП ќе го извести избраниот кандидат не подоцна од 20ти октомври 2022г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани. 


Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Иновативен финансиски модел за поддршка при транзицијата кон обновливи извори на енергија“, имплементиран од СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, со финансиска поддршка од Европскиот институт за иновации и технологија (EIT Climate-KIC) и во партнерство со КЛИК (Лабораторија за иновации за клима Крижевци / Krizevacki Laboratorij za Inovacija za Klimu, Хрватска), Асоцијација Солар Македонија, Коримако (Словенија), Советот за енергетика на островот Гран Канарија (Consejo Insular De La Energía De Gran Canaria) и општина Илинден.

Leave a comment