Skip links

Оглас за ангажирање на Проектен асистент

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање на поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.

Согласно потребите на проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации”, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на:

Проектен асистент

Кои ќе бидат одговорностите на проектниот асистент?
  • Подготовка и прибирање на апликации, подготовка на договори за надворешни и внатрешни соработници и консултанти
  • Административна проверка на сите влезни и излезни фактури, реализација на исплата и плаќања
  • Проверка, надгледување во делот на достава и прибирање на месечни/дневни извештаи за сработена работа
  • Менаџирање на процесот на набавка (прибирање на понуди, достава, комуникација со засегнати страни)
  • Подготовка на документација за плаќања
  • Одговорно прибирање на целокупната документација поврзана со проектот, како и проследување до крајниот корисник
  • Подготовка на целокупната административна документација
  • Редовна комуникација со целиот тим на ЕДУИНО, како и надворешните соработници и консултатнти
  • Директна соработка со проектниот и поддршка во реализација на проектните активности
  • Водење на дневен/месечен извештај за сработена работа
К​ои се потребните вештини и квалификации?
  • Минимум една (1) година работно искуство на иста или слична позиција
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office пакетот како и Google Drive, Outlook
  • Способност за планирање, организација и реализација на активности во кратки рокови
  • Одлични комуникациски вештини
  • Познавање на архивското работење
  • Професионален однос кон сите вклучени страни
  • Познавањето на албанскиот јазик ќе се смета за предностж
  • Поседување на диплома од високо образование ќе се смета за предност
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • Лицето се очекува да почне со работа од крај на март 2022 во период од 10 месеци, со можност за продолжување
  • Првично се прави договор за ангажман/вработување во времетрење од 2 месеци
  • Почетна плата од 25 000 денари нето сума ( предвидено е градациско зголемување на платата, во зависност од интересот и ангажираноста)
  • Ангажманот се склучува преку Договор за вработување или
  • Договор за ангажман со СмартАп на определено време, по договор со ангажираното лице
  • Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи
  • Краен рок за аплицирање е 10.03.2022

Испратете го Вашето CV и мотивационо писмо (до 500 зборови) на [email protected] со наслов Апликација за проектен асистент.
Краен рок за аплицирање: 08.03.2022, до 17:00 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Leave a comment