Skip links

Работилница на тема Циркуларна економија во С. Македонија

 

Во вторник одржавме работилница на тема „Циркуларна економија во Северна Македонија“, на која се презентираа наодите од мапирањето на системот на зелена и циркуларна економија во земјата и се дискутираа предизвиците и можностите кои постојат за нејзин развој.

Тимот на СмартАп во склоп на проектот “ X-KIC Green & Circular Economy in the Western Balkans​​” финансиран од EIT Climate KIC, во периодот Февруари – Мај работеше на мапирање на проекти и иницијативи во областа на циркуларна економија што резултираше со отворен дата сет на податоци и визуелизации кои веруваме ќе им помогнат на актерите во системот јасно да увидат каде лежат слабостите но и можностите со цел зајканување на системот и затворање на кругот на циркуларна економија.

Дата базата и визуелизациите ќе бидат наскоро отворени за јавноста за што се очекува и продолжување на диксуијата со цел отворање на можности за поактивна соработка.

Учество на работилницата земаа претставници од различни сектори на локалната самоуправа, приватниот и граѓанскиот сектор и академијата како и претставници од меѓународните организации и донаторите.

Преку неструктурирана дискусија, во првиот дел учесниците ги споделија своите искуства и перспективи на три клучни прашања:

  1. Колку знаеме за системот на циркуларна економија во земјата? Со какви статистика и дата бази располагаме и согласно дали истите се достапни за јавноста?
  2. Во поглед на политики, по што се водиме и колку политиките овозможуваат развој на зелена и циркуларна економија?
  3. Колку актерите од системот се свесни за потенцијалот на циркуларната економија и дали има раздвижување во последните неколку години? (јавен, приватен, граѓански и академија)

Вториот дел беше посветен на дискусија околку презентираните наоди и податоци каде учесниците имаа можност да споделелат свои видувања за најефективниот начин да презентирање и визуелизирање на податоците, можности за унапредување на дата сетот со цел градење посеопфатна слика за моменталната состојба на ова поле.
Со помош на ваквите податоци се очекува да се отвори поле на можности за поврзување на различни актери од системот и идентификување на потреби за нови иницијативи.

Работлиницата освен што резултираше со збир од искуства, како и насоки во кои може да се делува за подржување на развивањето на циркуларната економија во Северна Македонија,помогна и во поврзување на дел од актерите присустни на истата.

Leave a comment