Skip links

Специјалист за социјални медиуми

СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје објавува оглас за:

Специјалист за социјални медиуми

СмартАп, Лабораторијата за социјални иновации Скопје, има потреба од нов член на тимот кој ќе биде задолжен за објавите на нашите канали на социјалните медиуми.

Кои ќе бидат одговорностите на специјалистот за социјални медиуми?

  • Подготовка на неделни комуникациски планови
  • Подготовка на кампањи на социјални медиуми за специфични активности
  • Работење на содржините (со фокус на “Facebook” ,“Instagram”, “LinkedIn“) за каналите на социјалните мрежи со кои раководи организацијата во моментов и при следни канали за различни активности и проекти
  • Креирање на настани и објави за социјалните медиуми за објавување на нови настани
  • Закажување на објави на социјални мрежи, изработка на месечни комуникациски планови
  • Собирање на информации за тековните активности, подготвување и испраќање на месечни, квартални и годишни извештаи
  • Управување со работните задачи, комуникација со проектниот тим
  • Комуникација и координација со маркетинг тимот
  • Учество во неделни, месечни редовни состаноци
  • Водење на месечни извештаи со детали за објавените активности на социјалните мрежи

Кои се потребните вештини и квалификации?

  • Минимум 3 години искуство во дигитален маркетинг и/или менаџирање со социјални медиуми
  • Способност за креирање на содржини за маркетинг кампањи, содржини за објави на социјални медиуми
  • Способност за работа во динамична средина
  • Одлични комуникациски вештини, способност за креативно пишување
  • Искуство во распределба на буџет за објави на социјални медиуми
  • Искуство во реализирање на он-лајн настани (технички и комуникациски вештини)
  • Желба за работа во пријатна, пријателска и мотивирачка работна средина со супер-кул тим со кој заедно ќе создава промени и ќе решава интересни предизвици
  • Искуство во реализирање на он-лајн настани (технички и комуникациски вештини) ќе се смета за предност
  • Можноста за креирање на графички и видео содржини насочени според потребите за промоција и презентација на проектите на социјалните медиуми ќе се смета за предност

Логистички информации поврзани со работниот ангажман:

  • Лицето се очекува да почне со работа од средината на ноември месец
  • Ангажманот е со определено времетрање од 6 месеци, со можност за продолжување на ангажманот
  • Работно време на оваа позиција е 8 часа
  • Лицето ќе биде ангажирано со Договор за дело/ангажман

Испратете го Вашето CV и мотивационо писмо (до 500 зборови) на [email protected] со наслов Апликација за специјалист за социјални медиуми.

Краен рок за аплицирање: 30.10.2021, до 17:00 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Leave a comment