Skip links

Специјалист од областа на енергетски политики и енергетски заедници

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на образование, иновации во јавен сектор и климатски промени. Преку својот иновативен пристап и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од амбициозни и мотивирани соработници, тимот е секогаш отворен за нови професионалци кои сакаат да работат во пријатна работна средина и кои целат преку своето работење да креираат позитивна промена за својата околина и општество.

Согласно потребите на тековниот проект Community Energy Cooperatives, СмартАП објавува оглас за ангажирање на:

Специјалист од областа на енергетски политики и енергетски заедници


Вашите одговорности ќе вклучуваат:
  • Поддршка на финализирање на истражување со фокус на инфраструктурата за полнење електрични возила во Македонија.
  • Поддршка во финализирање на алатка за бизинис модели за енергетски заедници.
  • Поддршка во иницирање и развој на една граѓанска иницијатива во оваа област, односно пружање поддршка во развојот на организацискиот и бизнис модел и усогласување со соодветните законски прописи.
  • Поддршка во подготовка и спроведување на четири (4) настани, односно тренинзи, работилници, вебинари и консултации, со фокус на развој на енергетски заедници, вклучително адресирање на сите потребни аспекти (организациски и бизинс модел, законски прописи и обврски, вклучување на заедницата)
Потребни вештини и квалификации:

Тематска експертиза

  • Искуство во спроведување на истражувања, како и развој и работа на проекти од областа на одржлива мобилност, електрични возила, енергетски заедници и сродни теми.
  • Фасилитаторски вештини за поттикнување на соработка, размена на знаење и активно учество.
  • Искуство во работа со различни засегнати страни, вклучувајќи граѓани, претставници на јавниот сектор,приватниот сектор и граѓанскиот сектор и регионални/меѓународни партнери.
  • Разбирање на процес на имплементација на граѓански иницијативи
  • Познавање на пристапи за организирање на заедници во областа на енергијата, мобилноста, и интервенции во просторот.

Дигитална писменост

  • Познавање на онлајн платформи за соработка (на пр. Slack, Hivebrite, Zoom, MS Teams) и алатки за управување со настани.
  • Основно познавање на социјалните медиуми и комуникациските алатки за промовирање на настани и иницијативи..
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • За позицијата ќе се склучи Договор за ангажман со СмартАП за периодот од 16 февруари до 22 мај 2026 година со вкупен обем од 25-30 консултантски денови, кои ќе се реализираат согласно потребите и дефинираните одговорности за позицијата.
  • Се очекува редовно водење дневен записник за реализираните активности и извршените задачи.
  • Поради природата на позицијата, физичкото присуство не е задолжително, а работата може да се извршува од далечина.

Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи:

  • Резиме (CV) на македоснки и/или англиски јазик
  • Финансиска понуда, изразена во бруто износ за еден консултантски ден

За да аплицирате на понудената позиција испратете ја потребната документација на [email protected] со наслов “Специјалист од областа на енергетски политики и енергетски заедници”.

Краен рок за доставување на апликациите е 02.02.2026 година.

Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

Процесот на интервју ќе се одвива во период од  4-6 февруари 2026 година. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Leave a comment