Skip links

Техничка компанија за имплементација на дигитален систем за самооценување и план за професионален развој

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации во партнерство со Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „EmpowerED: Дигитално самооценување за наставници“, во периодот декември 2024 – ноември 2025 година.

Оваа алатка има за цел да го дигитализира, појасни и олесни процесот на изработка на личен план за професионален развој на наставниците, при што автоматски ќе генерира готови планови за наставниците, наставничките тимови како и извештај кој ќе ги рефелктира потребите на наставниците на национално ниво.

Дигитализацијата е предвидена преку создавање интерактивен модул кој започнува со самооценување до генерирање личен план за прогесионален развој на наставниците и преку сеопфатна база со податоци за потребите на наставниците. Ова решение треба да го направи процесот на изработка на личен план за професионален развој попристапен, временски ефикасен и ефективен за наставниците, а базата на податоци ќе биде користена за генерирање извештаи за потребите на наставниците што ќе бидат користени од страна на училишните тимови и институциите.

Согласно потребите на проектот „EmpowerED: Дигитално самооценување за наставници“, СмартАП објавува оглас за ангажирање:

Техничка компанија за имплементација на дигитален систем за самооценување и план за професионален развој

Задачи и одговорности

Од компанијата се очекува да оствари испорака на софтверска алатка која ги опфаќа следните функционалности

  1. Имплементација на функционалности за пристап на системот
    • Имплементација на форми за регистрација и најава
    • Имплементација на процес за промена на лозинка и процес за обнова на лозинка при заборавена лозинка
    • Интеграција на алатката со сервисот за корисници на МОН (schools.mk) за авторизација и автентикација и преземање на податоците за корисниците
    • Имплементирање на промена на јазик на системот (македонски и албански)
  2. Имплементација на модул за менаџирање на корисници на системот:
    • Креирање на нови корисници
    • Одобрување на регистрирани корисници
    • Преглед и промена на кориснички информации
    • Менаџирање на улоги на корисниците во рамки на софтверската алатка 
    • Можност за доделување на корисниците на алатката во групи на корисници
  3. Имплементација на модул за самооценување и генерирање личен план за професионален развој на наставници
  4. Имплементација на информативна табла (dashboard) од базата на податоци на алатката
    • Визуелна репрезентација на компетенциите и степенот на нивна развиеност, реализираност и планирање врз основа на повеќе филтрирачки критериуми (по училишта, општини, градови, подрачје на компетенции, компетенции итн..)
  5. Имплементација на функционалности за генерирање и преземање на документи во форма на PDF/Docx формат
    • Пополнетиот план за самоевалуација, личниот план за професионален развој како и извештајот за реализација на планот треба да можат да бидат преземени од страна на корисниците кои имаат пристап до нив во форма на PDF или Docx формат.
    • Визуелизираните податоци од информативната табла треба да може да се преземат во PDF формат согласно селектираните филтри на корисникот кој ги прегледува
  6. Имплементација на систем за известување 
    • Испраќање на известувања преку е-маил и нотификации во рамки на алатката при различни фази од процесите на алатката

Очекувана испорака

  1. Функционалности за стандардна најава и регистрација во системот преку форми за најава и регистрација.
  2. Поврзување со schools.mk за најава и регистрација на корисници.
  3. Менаџирање на корисници, кориснички групи и улоги во системот.
  4. Модул кој ги опфаќа потребните образци и процеси за самооценување на наставниците, планирање и реализација на личен план за професионален развој
  5. Модул за нотификации и е-маил известувања на корисниците
  6. Функционалности за генерирање и преземање на pdf и word документи од образците
  7. Информативна табла со податоци од базата на податоци и можности за филтрирање
  8. Поставување и ажурирање на алатката на околина наменета за тестирање во текот на изработката
  9. Поставување и ажурирање на алатката на продукциска околина без загуба на податоците од базата на податоци
  10. Техничка поддршка за алатката во времетраење до месец Ноември 2025 година.
  11. Три кориснички упатства за користење на системот (упатство за администратори на системот, упатство за администратори на училиштата, упатство за наставници, директори и стручни соработници)
  12. Извештај за процесот на имплементација.

За очекуваните функционалности на алатката кои треба да ги исполни компанијата-изведувач, во тек е изработка на документ за побарувања на софтверот кој што е во активна изработка и е достапен за преглед на линкот: https://shorturl.at/m0Cz4

Времетраење на развој на системот во 2025 година:

Јан – ФевДефинирање на финални функционалност, процеси и изглед
Фев – ЈуниТехнички развој на алатката за самоевалуација и подготовка на план за професионален развој. Имплементирање на процесите и визуелизација на базата на податоци.
Јуни – ЈулиТестирање на алатката со 30 корисници и имплементација на препораките
Јули – НоемвриПилотирање на алатката во едно училиште
Јули – НоемвриТехничка поддршка 

Процес на аплицирање

Повикот е јавен. Заинтересираните компании треба да достават:

  1. Портфолио или листа на слични реализирани активности.
  2. Финансиска понуда која вклучува вкупна бруто сума.

Селекцијата ќе се изврши според најниската доставена финансиска понуда.

Документите испратете ги на [email protected] со наслов „Понуда за дигитален систем“.

Краен рок за доставување на апликациите е 17 Јануари 2025 година, 15:30 часот. Апликациите поднесени по крајниот рок или без комплетна документација нема да бидат разгледани.