СмартАП – Лабораторија за социјални иновации во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование и Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ, а со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.
Целта на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Оваа цел ќе се постигне преку (1) подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, (2) зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство и (3) примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички.
Согласно потребите на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, СмартАП објавува оглас за ангажирање:
Техничка компанија за имплементација на модул за задачи како дел од ЕДУЛАБ платформата
Во рамките на проектот се развиваат 3 дигитални курсеви кои ќе бидат достапни на порталот ЕдуЛаб. Овој портал ќе служи како платформа за професионален развој на наставниците и проектните училишта вклучени во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Задачи и одговорности
ЕдуЛаб порталот е изграден на платформата WordPress и користи Elementor како визуелен уредувач. Од компанијата се очекува да ги изврши следните задачи:
- Имплементација на модул за задачи (Assignments Module):
- Интеграција на модулот за задачи кој овозможува на наставниците да им се доделува задачи со крајни рокови .
- Интеграција на функционалност за оценување на истите задачи по електронски пат.
- Имплементација на систем за известување (нотификација преку е-маил) при доделување на поени на задачите.
- Техничко поставување на модулот на 3 дигитални курсеви
- Поставување на модулот на 3 дигитални под-курсеви согласно насоките кои ќе бидат пратени од проектниот тим.
- Оптимизација на модулот за сите уреди (десктоп, таблет, мобилен).
- Тестирање на функционалноста на модулот за задачи и проверка на компатибилноста со дигиталните курсеви.
Очекувана испорака:
- Интегриран модул за задачи во порталот ЕдуЛаб.
- Поставени задачи во рамки на 3 дигитални курсеви.
- Извештај за процесот на имплементација.
Услови на ангажман: Договор за деловно-техничка соработка со СмартАП за периодот 16 октомври – 15 декември 2024 година.
Процес на аплицирање: Повикот е јавен. Заинтересираните компании треба да достават:
- Портфолио или листа на слични реализирани активности.
- Финансиска понуда.
Финансиската понуда треба да вклучува бруто сума по имплементација и интеграција за еден дигитален курс, односно вкупната сума да биде поделена на 3 дигитални крусеви:
- Ставка 1. Имплементација на модул за задачи и техничко поставување за 1 курс.
- Вкупна сума за имплементација на модулот на 3 дигитални курсеви.
Селекцијата ќе се изврши според најниската доставена финансиска понуда.
Документите испратете ги на [email protected] со наслов „Понуда за имплементација на модул за задачи на ЕдуЛаб“.
Краен рок за доставување на апликациите е 15 октомври 2024 година, 14:00 часот. Апликациите поднесени по крајниот рок или без комплетна документација нема да бидат разгледани.