Skip links

Видео едитор за потребите на проектот “Промоција на безбедна училишна средина”

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование и Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ во периодот септември 2023 – август 2026 година. 

Целта на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Оваа цел ќе се постигне преку (1) подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, (2) зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство и (3) примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички. 

Цел на повикот 

Како дел од активностите на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, СмартАП лабораторија за социјални иновации, има потреба од видео едитор кој ке направи: 

  1. Уредување на видеа за 2 професионални курсеви за ИКТ алатки 
  1. Уредување на видеа за 1 курс за “Превенција и заштита од насилство” 
  1. Вградување на синхронизирани титлови/преводи на видеа 

Опис на работни задачи

Курсевите се составени од по 5 модули, при што првиот курс за ИКТ алатки ќе биде насочен за стекнување вештини и компетенции за употреба на ИКТ алатки на основно ниво, додека пак вториот за напредно ниво.  

Курсот кој го опфаќа основното ниво ќе ги покрие основни компетенции и вештини потребни за успешна интеграција на ИКТ алатки во училницата. Напредниот курс е наменет за нaставници кои веќе имаат основни познавања од областа на примената на дигиталните технологии во наставата и сакаат и имаат потреба да ги подобрат своите вештини за успешно воведување напредни ИКТ алатки во нивните училници. 

Курсот за „Превенција и заштита од насилство“ е наменет за наставници и стручни соработници во основно и средно образование со цел да ги запознаеме и зголемиме компетенциите во насока на превенција и заштита од насилство врз децата.  

Времетраењето на една видео лекција се очекува да биде во просек 15 минути.

Задачи и одговорности: 

  1. Преглед и уредување на видео содржина:  
  • Прегледување на необработени видеа и разбирање на контекстот и целите  
  • Скратување на непотребни снимки и создавање на кохезивен проток на информации 
  • Додавање интро, аутро и транзиции за да се подобри искуството при гледање 
  • Инкорпорирање на графика, анимации или преклопувања каде што е соодветно за визуелно подобрување на клучните точки 
  • Обезбедување на непречени транзиции, соодветно темпо и визуелна привлечност во уредените видеа. 
  1. Прецизно синхронизирање и вметнување на преводи (титлови) во уредените видеа 
  • Користење на соодветни фонтови, големини и бои за преводите 
  • Поставување на титловите во Youtube Studio на видеата на албански јазик 
  1. Формати на испорака – да бидат доставени во дигитални формати соодветни за поставување на Youtube платформата и во дополнителен договор со СмартАП  

Времетраење на ангажманот е 10 јули – 30 септември 2024. Еден курс вклучува 5 модули. Вкупниот број на видео лекции може да се процени според програмата на курсот за ИКТ вештини (линк до ИКТ курс). Времетраењето на една видео лекција се очекува да биде во просек 15 минути.

Потребни квалификации 

  • Докажано искуство во уредување видеа, особено уредување видеа во стил на презентација 
  • Професионално портфолио со минимум 3 слични проекти, односно уредување на видеа или уредување на курсеви/обуки  
  • Способност за прецизно и ефикасно додавање преводи/титлови 
  • Познавање и искуство со софтвер за уредување видеа (Adobe Premiere Pro, Final Cut Pro, Youtube Studio, итн.)  
  • Способност за навремено извршување на задачите и одржување отворена, редовна комуникација со сите засегнати страни  

Процес на аплицирање: 

Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи: 

  1. Портфолио или листа на изработени проекти 
  1. Финансиска понуда (вкупна бруто сума за сите 3 курсеви) 

Селекцијата ќе се изврши согласно најниска доставена финансиска понуда. 

Краен рок за доставување на апликациите е 05.07.2024 година. 

Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид. 

Leave a comment