Skip links

Запознајте се со финалистите на вториот Креативнен Бизнис Куп Северна Македонија

Запознајте се со финалистите на вториот Креативнен Бизнис Куп Северна Македонија

Креативните индустрии се вистински пример за тоа како креативниот потенцијал може да се стави во функција на економскиот раст и развој. Поддржувајќи ги иновативните бизнис идеи во нашата земја, нашиот тим втора година по ред го организираше „Креативниот Бизнис Куп“ (Creative Business Cup – CBC), меѓународниот натпревар за иновативни бизнис идеи, производи или услуги од креативните индустрии.

Оваа година на 27 мај се одржа националниот натпревар „Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија 2022“, на кој шест финалисти ги претставија своите иновативни бизнис идеи, а експертската жири комисија го избра нашиот национален претставник за Глобалното финале на Креативниот Бизнис Куп 2022 кое се одржа на 27 и 28 јуни во Копенхаген, Данска.

Една од нашите цели при организација на купот беше овозможувањето на вмрежување и препознатливост на бизнисите од креативните индустрии. Токму затоа во продолжение ве запознаваме со шестте финалисти на Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија 2022, нивните бизнис идеи, производи, услуги и челнови на тимот.

Best Online Assistant

Best Online Assistant, покрај тоа што беа дел од нашите финалисти, се и нашиот национален претставник на глобалното финале. Best Online Assistant претставува платформа за професионален развој на лица со физичка попреченост, која им нуди едукација во областа на совладување дигитални вештини, која потоа преку B2B и B2C бизнис моделите нуди можности за работа од далечина / фриленс работа и работа со полно работно време. Нивната визија е отстранување на бариерите во општество, така што лицата со посебни потреби ќе можат да бидат независни и еднакви со сите останати.
Елизабета, CEO на Best Online Assistant, за искуството на натпреварот сподели:

InfoBiro

InfoBiro се претставија со идејата Paint The Thing, видео игра креирана од Марио Павлески и Виктор Попов, кои воедно беа најмладите учесници на Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија. Paint The Thing е мобилна игра каде што целта е да го насликате предметот во средината со користење на четки коишто се појавуваат околу мапата додека се обидувате да избегнете многу пречки. Оваа креативна мобилна игра во октомври 2021 го освои првото место на европскиот Game Jam натпревар, а во месец јули оваа година Марио и Виктор со истата ќе нè претставуваат на светскиот Game Jam натпревар во Бразил.
Марио и Виктор за нивното искуство за време на натпреварот споделија:

Biooil Organic Food

Biooil е бренд со визија за производство на природна, биолошки нетретирана храна. Користејќи маслени растенија, Biooil се стреми кон развивање и цедење на најквалитетните ладно цедени масла за јадење. Како бренд цели кон се поголемо развивање на свеста за употребата на органската храна во секојдневната исхрана. Нивната уникатност се содржи во процесот на производство кој е дизајниран со цел да ја задржи високата нутритивна вредност кај нивнте производи: сончогледово масло и ќуспе.
Кристијан, CEO на Biooil, за неговото искуство на натпеварот сподели:

Med-Rep Group

Med-Rep Group е првата унифицирана затворена платформа за поврзување на здравствените работници со фармацевтските компании, која ја поттикнува соработката низ целиот ланец на вредности. Еден од клучните бенефити при користењето на Med-Rep Group е намалувањето на трошоците за маркетинг за над 50% и зголемување на продажбата за повеќе од 20%. Присутни се на пазарот од 2019 година, а нивниот бизнис модел е единствениот кој нуди стимулации при секојдневно користење и воедно содржи активности за здравствените работници.
Владимир, CEO на Med-Rep Group, за неговото искуство на натпеварот сподели:

Ambrosia

Аmbrosia е бренд кој на пазарот се позиционира како еко-социјален (општествено одговорен) кетеринг. Нивните производи и услуги се во делот на кетерингот и прехрамбената индустрија, а се особено препознатливи по нивните чоколадни срца, cakesicles и popsicles изработени од врвно белгиско чоколадо. Она што ги издвојува на пазарот е нивниот фокус кон социјалното претприемништво и целите за одржлив развој (Sustainable Development Goals). Сопственичките Кристина и Симона преку својот бизнис обезбедуваат вработување на самохрани мајки и жени од ромска етничка припадност, овозможувајќи им флексибилни работни часови и можност за финансиско осамостојување.
Симона за нејзиното искусто на натпрварот сподели:

Sara Simoska Arhitektura

Сара е веќе препознаена како новата сила на македонската архитектура; нејзините производи и услуги се во делот на дизајн на мебел и проектирање на простори за дом со фокус на користење на природни материјали. Таа е третата генерација на архитекти во нејзиното семејство, но првата жена претприемач која внесува автентичен пристап кон решавање на предизвиците на нејзините клиенти, преку користењето на дрво и различни форми изработени од дрво во склоп на нејзините проекти.
Сара за нејзиното искуството на натпреварот сподели:

Среќни сме што ја имаме можноста да споделиме нешто повеќе за овогодинешните финалисти на Креативен Бизнис Куп Северна Македонија којшто не би можеле да го реализираме без поддршката на нашите соработници УМПАКИ – Унијата на Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии и подржувачи Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ; СКАЛА -(Скала Магазин, Скала – Школа за дизајн, уметност и технологија и ИДТ – Институт за дизајн и технологија), Стартап Македонија и Dopeness Productions. Како медиумски поддржувачи на овој настан се: УМНО, Опсервер, Капитал, Бизнис Вести, Макпрес Денес Магазин и Маркетинг365.

Следете не за повеќе новости од областа на креативните индустрии како и повеќе околу искуството на нашите национални претставници на глобалното финале.

Leave a comment