СмартАП – Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.
СмартАП – Лабораторија за социјални иновации во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование и Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.
Целта на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Оваа цел ќе се постигне преку (1) подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, (2) зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство и (3) примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички.
Согласно потребите на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на 2 (двајца) соработници:
- Ментор за развој на активности за основно училиште
- Ментор за развој на активности за средно училиште
Менторите ќе работат заедно со училишни тимови составени од едукатори и ученици и ќе ги поддржат во развој на активности на темите „Превенција на насилство“, „Еднакви можности за сите ученици и ученички“ и „Правата на децата“. Целта на активностите е да понудат практични, колаборативни вежби преку кои учениците ќе можат да развиваат вештини и знаења на горенаведените теми.
Кои ќе бидат задачите и одговорностите ?
- Задолжително учество на една работилница со ученици организирана од страна на СмартАП
- Редовни месечни средби со секое од проектните училиштата
- Поддршка во развојот и тестирањето на активности на училишните тимови
- Координирање и редовна комуникација со училишните тимови
- Подготовка на завршен нартивен извештај од активноста според претходно утврден примерок
- Активно координирање и комуникација со проектниот координатор и координаторот за активности
- Водење на дневен/месечен консултантски извештај за сработена работа
- Овој консултант наративниот и консултантскиот извештај ги доставува до проектниот координатор на одобрување
Кои се потребните вештини и квалификации?
За основно образование
- Минимум 7 години работно искуство како наставник или стручен соработник во улога на одделенски раководител кој спроведувал активности од „Образование за животни вештини“ или слична програма
- Искуство во креирање наставни или воннаставни активности наменети за ученици од основно образование
- Искуство во користење современи пристапи во реализацијата на наставните активности
- Искуство во водење на ученички секции, воннаставни активности и сл
- Познавање на образовните регулативи во државата поврзани со превенција на насилство, промоција на еднакви можности за сите ученици и ученички и правата на децата
- Искуство како ментор во проекти и/или активности
- Предност ќе имаат кандидати со звање Наставник – ментор или пак овозможиле стручна поддршка на наставник приправник
За средно образование
- Минимум 7 години работно искуство како наставник или стручен соработник во улога на одделенски раководител кој спроведувал активности од „Образование за животни вештини“ или слична програма
- Искуство во креирање наставни или воннаставни активности наменети за ученици од средно образование
- Искуство во користење современи пристапи во реализацијата на наставните активности
- Искуство во водење на ученички секции, воннаставни активности и сл
- Познавање на образовните регулативи во државата поврзани со превенција на насилство, промоција на еднакви можности за сите ученици и ученички и правата на децата
- Искуство како ментор во проекти и/или активности
- Предност ќе имаат кандидати кои овозможиле стручна поддршка на наставник приправник или пак овозможиле професионален развој на наставниот кадар како обучувач од акредитирани образовни институции
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
- За позицијата се склучува преку Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно ќе треба да ги спроведе работните задачи во рамки на 39 работни денови (за менторот во основно образование за 13 проектни основни училишта) и 36 работни денови (за менторорот во средно образование за 12 проектни средни училишта) во периодот од 7 Февруари до 30 Јуни 2024 година
- Работното време се организира според доставениот план за работа и согласност од проектниот менаџер
- За секој работен ден предвиден е надоместок од 4.200,00 МКД во бруто износ кои ќе бидат исплатени по комплетирање на задачите (по завршен и одобрен наративен и консултантски извештај за извршена работа)
- Физичкото присуство не е задолжително поради природата на позицијата
Процес на аплицирање
Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи:
- Професионална биографија (CV)
- Професионално портфолио што демонстрира:
- користење на современи пристапи во реализацијата на наставните активности
- креирани и развиени креативни образовни ресурси за ученици
- активности во рамки на ученички секции, воннаставни активности и сл.
- менторство на ученици во проекти и/или активности
- менторство на наставници во различни проекти, активности или обуки
За да аплицирате на понудената позиција испратете ја потребната документација на [email protected] со наслов “Ментор за развој на активности за основно училиште” или “Ментор за развој на активности за средно училиште”.
Краен рок за доставување на апликациите е 06.02.2024 година. (Рокот за аплицирање е продолжен заклучно со 06.02.2024 согласно одлуката на проектниот тим).
Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.
Апликантите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување на кандидатите.