СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на образование, иновации во јавен сектор и климатски промени. Преку својот иновативен пристап и посветеност, тимот на СмартАП секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од амбициозни и мотивирани соработници, тимот е секогаш отворен за нови професионалци кои сакаат да работат во пријатна работна средина и кои целат преку своето работење да креираат позитивна промена за својата околина и општество.
Согласно потребите на тековниот проект Community Energy Cooperatives, СмартАП објавува оглас за ангажирање на:
Истражувач/ка за енергетски заедници и електрична мобилност
Проектот е насочен кон поддршка на локалната енергетска транзиција преку развој и истражување на:
- инфраструктура за полначи за електрични возила;
- енергетски заедници;
- обновливи извори на енергија;
- локални модели за одржлива мобилност и енергетско планирање.
Ангажираното лице ќе обезбеди техничка, истражувачка и аналитичка поддршка во рамки на проектните активности, со фокус на енергетски системи, електрична инфраструктура и можности за развој на локални енергетски заедници.
Клучни задачи и одговорности:
- Спроведување технички и истражувачки анализи поврзани со:
- инфраструктура за EV полначи;
- електродистрибутивна мрежа;
- енергетски заедници;
- обновливи извори на енергија и системи за складирање на енергија;
- Анализа на стратешки документи на национално и локално ниво и идентификување на можности и бариери за понатамошен развој на енергетски заедници.
- Анализа на правни, технички, и просторни предуслови за поставување на полначи за електрични возила;
- Поддршка при мапирање и анализа на релевантни институции, компании и локални чинители;
- Разработка на на бизнис концепти, препораки и модели за локални енергетски иницијативи, врз основа на резултатите од претходни и тековни активности од проектот
- Учество на состаноци, консултации и координација со јавни институции, општини, енергетски компании и други засегнати страни;
- Подготовка на извештаи, анализи, презентации и проектни документи;
- Поддршка во активности поврзани со енергетски заедници и одржлива мобилност.
Потребни вештини и квалификации:
- Завршено високо образование од областа на електротехника, енергетика или сродна техничка област;
- Минимум 5 години професионално искуство во:
- електроенергетски системи;
- дистрибутивна мрежа;
- енергетско планирање;
- обновливи извори на енергија;
- електрична мобилност;
- Искуство во комуникација и соработка со институции, општини, компании и други засегнати страни;
- Искуство во спроведување на истражувања, како и развој и работа на проекти од областа на одржлива мобилност, електрични возила, енергетски заедници и сродни теми.
- Познавање на национална законска рамка и енергетски политики ќе се смета за предност;
- Одлични аналитички, организациски и комуникациски вештини;
- Познавање на англиски јазик;
- Способност за самостојна и тимска работа.
Предност ќе имаат кандидати со:
- Искуство во планирање на електродистрибутивни системи;
- Искуство во проекти поврзани со енергетски заедници и паметни мрежи;
- Искуство со јавни инфраструктурни или општински проекти;
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
- Лицето се очекува да почне со работа од 1 септември 2026 во период од 6 месеци.
- Ангажманот се склучува преку Договор за вработување.
- Почетна плата од 60,000 денари нето сума.
- Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи.
Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи:
- Резиме (CV) на македонски и/или англиски јазик
За да аплицирате на понудената позиција испратете ја потребната документација на [email protected] со наслов “Истражувач/ка за енергетски зедници и електрична мобилност”.
Краен рок за доставување на апликациите е 05.08.2026 година.
Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.



