Skip links

ОТВОРЕН ПОВИК: Набавка и монтажа на систем од фотоволтаични и термални панели

Проект: Иновативен финансиски модел за проддршка при транзицијата кон обновниливи извори на енергија 

Информации за повикот: 

Повикот се однесува на набавка, поставување и инсталирање на комбиниран фотоволтаичен и термален панел на кров на објект кој е од јавен интерес. 

  • Отворениот повик за набавка е составен од 2 дела.
  • Во привиот дел е предвидена набавка на репро материјали за изработка на системот за производство на електрична енегргија и топла вода со помош на сончева светлина.
  •  Вториот дел се очекува пренос и инсталирање на опрема. 

Оваа набавка не е делива. 

  1. Набавка на репроматеријали

Детална спецификација: На линкот може да ја најдете спецификацијата/предмер пресметка за потребните материјали

Цените се наведуваат исклучиво без ДДВ, проектот е ослободен од ДДВ.

  1. Монтажа 

Предвидена е транспорт, монтажа и инсталирање на системот на објект(градинка) во Скопскиот регион – Општина Илинден.

Цената треба да е без ДДВ.

 Време начин  на испорака?

Краен рок за изведба и инсталација е 12.12.2022 година.

Сопстевност?

Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на СМАРТ АП. 

Потребни документи:

  • Тековна состојба
  • Пополнета предмер пресметка/спецификација
  • Референтна листа на претходни завршени проекти (најмалку 3)

До кога може да се достави  апликацијата?

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на [email protected] со наслов: ОТВОРЕН ПОВИК За набавка и монтажа на систем од фотоволтаични и термални панели, не подоцна од 17ти ноември (четврток) (23:59ч.) 2022г. СМАРТ АП ќе го извести избраниот кандидат не подоцна од 21ви ноември 2022г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

Кои сме ние?

СмартАп Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи во областите на образование, климатски промени и иновации во јавниот сектор.

Нашата работа се одликува со интердисциплинарен пристап, со цел да создадеме средина каде различни актери од системот можат да се сретнат и, преку фасилитиран процес на ко-креирање, да адресираат постоечки општествени предизвици.

СмартАп делува на еко-системот преку поврзување на различни засегнати страни за промовирање и развивање на социјални иновации, градејќи општество кое е социјално, еколошки и економски одржливо. СмартАп е основан со мисија да ги катализира социјалните иновации во земјата и регионот.

Leave a comment