Skip links

Повик за компании за техничка изработка на професионален курс за наставници

Рок за доставување на понуда: 28 декември 2021, 16 часот
Договорна организација: СмартАп Лабораторија за социјални иновации

СмартАп Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи во областите на образование, климатски промени и иновации во јавниот сектор.

Нашата работа се одликува со интердисциплинарен пристап, со цел да создадеме средина каде различни актери од системот можат да се сретнат и, преку фасилитиран процес на ко-креирање, да адресираат постоечки општествени предизвици.

СмартАп делува на еко-системот преку поврзување на различни засегнати страни за промовирање и развивање на социјални иновации, градејќи општество кое е социјално, еколошки и економски одржливо. СмартАп е основан со мисија да ги катализира социјалните иновации во земјата и регионот.

Контекст

Во 2019 година, СмартАп започна да работи на градење на колективен портал ЕДУИНО, веб-платформа која ќе помогне за подобрување на квалитетот на наставата и учењето во раното детство преку ко-креација и иновации, вклучувајќи наставници, родители и деца. Како таква, платформата цели да обезбеди поволна средина која ќе го поддржи социо-емоционалниот развој во предучилишното образование и ќе го олесни спроведувањето на националните наставни програми но и ќе обезбеди и подобар пристап до материјали за професионален развој на наставниците.

Колективниот портал ЕДУИНО се реализира во рамките на проектот: „Поставување на средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку кокреирање и иновации”. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ, а го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.

Цел на задачата

Цел на задачата е техничка изработка на курс за професионален развој за наставници насловен “Основи за социјална кохезија и културен дијалог” согласно постечки материјали (аудио, видео, документи, графики и презентации) на македонски и албански јазик. Курсот се состои од 5 модули кои содржат видеа, придружни документи и презентации.

Изработениот курс треба да биде дел интегриран на постоечката платфомата ЕДУИНО.

Согласно, компанијата која ќе биде ангажирана ќе биде задолжена за целосно координирање на процесот за изработка на професионалниот курс што опфаќа:

  • Дизајн и уредување на презентации на македонски и албански јазик
  • Изработка на графики за презентации на македонски и албански јазик согласно постоечки материјали
  • Аудио и видео транскрипција на материјали од англиски на македонски и албански јазик и форматирање на текст за обезбедување титлови (subtitles)
  • Изработка на видеа за курсот преку компилација аудио на англиски јазик (воведно, главно и завршно) со презентации на соодветен јазик (МК и АЛБ) и интеграција на титлови (subtitles) на МК и АЛБ соодветно)
  • Превод на материјали на македонски и албански јазик
  • Дизајн на материјали на македонски и албански јазик

Со цел доставување на финансиска понуда, на крај може да се погледне вкупна количина на материјали.

ОЧЕКУВАНА ИСПОРАКА И ВРЕМЕНСКА РАМКА

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Предлозите ќе бидат оценети според следниве критериуми:

Технички критериуми: (70% од вкупниот резултат)

Претходно искуство во изработка и спроведување на исти или слични проекти:

  • Графички дизајн и подготовка на графики и презентации (30%);
  • Изработка и техничко уредување на видеа (30%);
  • Превод на материјали (10%)

Минимален праг за разгледување на финансиските предлози е постигнување најмалку 80% од техничките критериуми

Финансиски критериуми: (30% од вкупниот резултат)

Начин на доставување на понуда

Апликациите мора да се достават по е-пошта на следната адреса на примачот: [email protected]

Заинтересираните компании треба да достават:

  • Профил на компанија
  • Листа на завршени минати проекти кои се релевантни за задачата
  • Биографии на клучните кадри кои ќе бидат вклучени во реализацијата на проектот
  • Техничка понуда со детална временска рамка
    Финансиска понуда

Краен рок за поднесување: 28.12.2021, 16:00

Сите понудувачи ќе бидат известени на 31 декември за исходот од постапката на избор.

Подетални информации околу материјалите

15 Word документи и 1 PPT презентација кои треба да се преведат од англиски на македонски и албански.
Преводите на документите во Word на МК и АЛБ треба графички да се уредат и стандардизираат. Овие документи се описи на модулите, а дел се придужни материјали како вежби и активности.
Вкупно има 216 страници на word документи, односно 73 481 зборови или 448 487 карактери со space/378 565 без space.

PPT презентацијата има 13 слајда, 882 зборови. Преведените презентации на МК и АЛБ треба да се уредат соодветно како и останатите презентации опишани подолу.
Линк до пример

2 power point (6 МК и 6 АЛБ) презентации (374 слајдови) за кои потребно е да се подобри layout-от и изгледот. Моменталниот предизвик е што слајдовите се тешки за читање, делумно поради пренатрупаности, делумно поради графичкото уредување.
Потребно е да се уредат графички така да бидат лесни за читање, со јасен фокус на секој слајд и унифициран изглед во и помеѓу модулите. Дел од проблемите што се провелкуваат се недоволен контраст помеѓу позадината и содржината и подреденост на текстот што го отежнува читањето
Пример за презентација

Исто така е потребно да се преработат дел од графиките, со цел полесно да се читаат.
При преработка мора да се задржат структурата и информациите на графиките. Графиките се веќе преведени и соодветните преводи може да се најдат во секоја од презентациите.
Пример за графики за кои се очекува преработка – линк.

20 видеа со различно времетрање ( 335 мин вкупно време) за кои е потребно е да се изврши транскрипција и превод – доколку видеото е на англиски, се прави превод на македонски и албански, а доколку е на македонски, се прави превод на албански.

Преводите треба да се форматираат како subtitles соодветно видеата.
Пример 1
Пример 2

21 аудио материјали со вкупно времетраење на аудио материјалите од 136 минути
на кои треба да се направи транскрипција, превод од англиски на македонски и албански и форматирање на преводот за subtitles.

Leave a comment