Skip links

Оглас за ангажирање на Kонсултант за истражување и идентификација на специфичните потреби на наставниците

„Kонсултант за истражување и идентификација на специфичните потреби на наставниците за препознавање, спречување и справување со насилството врз децата, вклучувајќи ја родовата еднаквост и детските права во образовниот процес“.

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование и Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.

Целта на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Оваа цел ќе се постигне преку (1) подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, (2) зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство и (3) примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички.

Согласно потребите на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на 1 (еден) соработник и тоа:


1. Kонсултант за истражување и идентификација на специфичните потреби на наставниците за препознавање, спречување и справување со насилството врз децата, вклучувајќи ја родовата еднаквост и детските права во образовниот процес.

Кои ќе бидат задачите и одговорностите ?

Ангажираниот експерт/ка ќе биде одговорен/на за следните задачи:

  1. Мапирање на постоечки ресурси за наставници за препознавање, спречување и справување со насилството врз децата, вклучително и родова еднаквост и детските права во образовниот процес.
  • Спроведување истражување на национално и интернационално ниво за постоечките ресурси за наставници за препознавање, спречување и справување со насилството врз децата, вклучително и родова еднаквост и детските права во образовниот процес.
  • Обработка на податоците и подготовка на детален извештај од спроведеното истражување
  1. Спроведување прашалник за потребите на наставниците за препознавање, спречување и справување со насилството врз децата, вклучително и родова еднаквост и детските права во образовниот процес.
  • Подготовка на прашалник за специфичните потреби од на наставниците во основно и средно образование за препознавање, спречување и справување со насилството врз децата, вклучително и родова еднаквост и детските права во образовниот процес.
  • Обработка на податоците и подготовка на детален извештај од спроведениот прашалник
  1. Спроведување фокус групи за потребите на наставниците за препознавање, спречување и справување со насилството врз децата, вклучително и родова еднаквост и детските права во образовниот процес.
  • Подготовка на прашања/искази за 2 фокус групи за продлабочување за специфичните потреби на наставниците во основно и средно образование за препознавање, спречување и справување со насилството врз децата, вклучително и родова еднаквост и детските права во образовниот процес.
  • Учество во формирање на фокус групите и комуникација со потенцијалните учесници
  • Спроведување на 2 (две) фокус групи – една со наставници од основно и една со наставници од средно образование
  • Обработка на податоците и подготовка на детален извештај од спроведените фокус групи
Кои се потребните вештини и квалификации? 
  • Завршени додипломски студии во полето на општествени науки или сродни области 
  • Најмалку 5 години искуство во истражувања и анализи со фокус на училишни и/или образовни политики
  • Познавање и/или искуство во спроведување на најновите практики и методи за реализација на наставни и воннаставни активности
  • Познавање на образовните регулативи за препознавање, спречување и справување со насилството врз децата, вклучително и родова еднаквост и детските права во образовниот процес.
  • Напредни истражувачки и аналитички способности
  • Способност за самостојна работа и запазување на рокови
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик 
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • За позицијата Kонсултант за истражување и идентификација на специфичните потреби на наставниците за препознавање, спречување и справување со насилството врз децата, вклучувајќи ја родовата еднаквост и детските права во образовниот процес  се склучува преку Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно ќе треба да ги спроведе работните задачи во рамки на 16 работни дена во периодот од 22 Ноември 2023 до 30 Јануари 2024 година
  • Работното време се организира според доставениот план за работа и согласност од проектниот менаџер
  • За секој работен ден предвиден е надоместок од 5.000,00 МКД во бруто износ кои ќе бидат исплатени по комплетирање на задачите (по комплетиран и одобрен продукт, и доставен консултантки извештај за извршена работа) 
  • Физичкото присуство не е задолжително поради природата на позицијата
Процес на селекција

Процесот на селекција ќе биде спроведен врз основа на следниве критериуми:

  1. Професионална биографија (CV) 
  2. Предлог план за реализација на поставените задачи

Изборот на најсоодветниот кандидат ќе се изврши најдоцна до 17.11.2023 год. Сите апликанти ќе бидат известени за изборот најдоцна до 20.11.2023 год.

До кога може да се достави  апликацијата?

За да аплицирате на понудената позиција испратете го Вашето CV (на македонски јазик) и Предлог план за реализација на поставените задачи на [email protected] со наслов Апликација за (наведете ја соодветната позиција), не подоцна од 15.11.2023 година до 23.59ч. Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид. 

Leave a comment