Skip links

Оглас за ангажирање на Консултант за проценка на потреби и Консултант за валидација

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.

Согласно потребите на проектот „ЕДУИНКЛУЗИЈА – Иновираме за секое дете”, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на 2 (двајца) соработници и тоа:

  1. Консултант за проценка на потреби 
  2. Консултант за валидација

ЕДУИНКЛУЗИЈА – Иновираме за секое дете е пилот проект кој има за цел да ги одреди потребите на децата со посебни образовни потреби вклучени во формалното образование по пат на истражување.

  1. Консултант за проценка на потреби 
Кои ќе бидат задачите и одговорностите ?

Развивање и администрирање прашалници за учениците со посебни образовни потреби  од III одд, едукатори (образовни асистенти, наставници, специјални едукатори-рехабилитатори и сл) и родителите со цел да се соберат релевантни  информации за комуникациските потреби на децата во правата фаза од основното образование, како и нивните искуства со постоечките алатки за подобрување на комуникациските вештини. 

За таа цел овој консултант треба да:

  • асистира/помага при анализата на собраните податоци од истражувањето на веќе постоечката литература и апликации за развивање на комуникациските потреби на децата со посебни образовни потреби 
  • учествува при подготовка на извештај од спроведеното истражување
  • креира 3 (три) различни онлајн/хартиени прашалници наменети за учениците со посебни образовни потреби  од III одд, едукатори (образовни асистенти, наставници, специјални едукатори-рехабилитатори и сл) и родители
  • администрира при спроведувањето на 3 (трите) однапред развиени прашалници во кое е вклучено таргетирање, комуникација  и обезбедување техничка поддршка на дефинираните таргет групи
  • спроведе анализа на  одговорите од прашалниците и подготви детален извештај од спроведеното истражување
  • остварува редовна комуницира со проектниот менаџер и проектниот тим

За наведениот обем на работа предвидени се 20 консултантски денови.

  1. Консултант за валидација
Кои ќе бидат задачите и одговорностите ?

Спроведување на  фокус групи со едукатори и родители за да се дефинираат потребите за подобрување на комуникациските вештини кај децата со посебни образовни потреби како и да се потврдат наодите од претходно спроведените прашалници, со цел да се создаде иницијален концепт за работилницата за валидација како и учество на истата. 

За таа цел овој консултант треба да:

  • подготви прашања/искази за продлабочување и валидација за 2 фокус групи врз основ на добиените информации од спроведените прашалници како и од спроведеното истражување на достапните апликации за подобрување на комуникациски вештини кај деца со посебни образовни потреби
  • учествува во формирање на фокус групите и комуницира со истите 
  • спроведе 2 фокус групи – една со родители на деца со посебни образовни потреби и едукатори (образовни асистенти, наставници, специјални едукатори – рехабилитатори и сл) 
  • спроведе анализа и изработи извештај од спроведените фокус групи 
  • учествува на работилницата за валидација на иницајлниот концепт за развој на алатка за подобрување на комуникациски вештини
  • остварува редовна комуницира со проектниот менаџер и проектниот тим

За наведениот обем на работа предвидени се 20 консултантски денови.

Кои се потребните вештини и квалификации (се однесуваат за двете позиции)?
  • Завршено високо образование во областа или поврзана со областа на инклузивното образование (педагогија, дефектологија и сл.)
  • Искуство со работа со деца со посебни образовни потреби  од најмалку 5 години, со посебен фокус на комуникациски вештини
  • Познавање на најновите практики и трендови за работа со деца со посебни образовни потреби 
  • Познавање на образовните регулативи за работа со деца со посебни образовни потреби 
  • Силни аналитички, истражувачки и комуникациски вештини
  • Способност за самостојна работа и запазување на рокови
  • Одлично познавање на пишан и говорен македонскиот јазик 
  • Познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • За позицијата Консултант за проценка на потреби  се склучува преку Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно очекувано времетрање на агажманот е 15 Август и трае до 30 Септември 2023 година
  • За позицијата Консултант за валидација се склучува преку Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно очекувано времетрање на агажманот е 01 Октомври и трае до  30 Ноември 2023 година
  • Работното време се организира според планот за работа и согласност од проектниот менаџер
  • Надоместокот е според дадена понуда од страна на апликантот.
  • Физичкото присуство не е задолжително поради природата на позицијата
Процес на селекција

СМАРТ АП ќе ги избира консултантите на отворен повик. Процесот на селекција ќе биде спроведен врз основа на следниве критериуми:

  1. Целосно доставена документација (CV  и финасиска понуда)
  2. Доставена најниска бруто понуда од страна на апликантот

Изборот на најсоодветниот кандидат ќе се изврши на 11.08.2023 год. Сите апликанти ќе бидат известени за изборот најдоцна до 12.08.2023 год.

До кога може да се достави  апликацијата?

За да аплицирате на понудените позиции испратете го Вашето CV  и финасиска понуда (на македонски јазик) со исклучиво наведена бруто сума на [email protected] со наслов Апликација за (наведете ја соодветната позиција или двете позиции), не подоцна од 09.08.2023 година до 23.59 ч. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. 

Заинтересираните лица може да се пријават на една или на двете позиции. Доколку се пријавите за двете позиции, доставете една финансиска понуда која се однесува за двете позиции.

Leave a comment